07 Октомври, 2024
0.0287

ОЈО истражува дали од МТСП барале пари за посвојување на дете

Објавено во: Македонија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство ги истражува сомнежите дека се бараат пари при процесот на посвојување деца. По прилогот на Телевизија 24 во кој скопјанка обвини дека и биле побарани пари во кеш за да го добие финалниот потпис, Основното јавно обвинителство отвори постапка по допрен глас против Министерството за труд и социјална политика, oбјави ТВ 24. 

Основното јавно обвинителство отвори постапка по допрен глас против Министерството за труд и социјална политика за сомнежите дека се бараат пари при процесот на посвојување дете. Се преземаат дејствија за натамошно постапување“, велат од ОЈО за Тв 24.

Кристина Кузманова која пред нашата камера обвини дека детето кое го посвојувала и било одземено откако одбила да искешира 2.000 евра, денеска била повикана во полиција да даде исказ за изнесените обвинувања против конкретни лица во Министерството за труд и социјална политика.

Кузманова обвини и дека по одземањето на детето следел и институционален прогон против неа. По изнесените обвинувања, од МТСП рекоа дека ќе соработуваат со Обвинителството. Денеска добивме став и од министерката Мила Царовска.

„Истрагите треба да се водат од надлежните институции и самата постапка нема да ја коментирам. Се разбира, сите документи за овој случај со кои располага МТСП се достапни и сите информации ќе бидат споделени со надлежниот орган. Ние сме целосно посветени на борбата против корупцијата на секое ниво и затоа очекуваме расчистување на сите дилеми поврзани со овој случај“, вели Царовска.

И првиот човек на Меѓаши, Драги Змијанац го повика Обвинителството да ја истражи евентуалната корупција во структурите поврзани со процесот на посвојување и потврди дека постојат сомнежи и индиции за вакви појави.

Случајот на Кузманова го запали алармот на истражните органи. Гласот за сомнежите дека се бараат пари за да се посвои дете стигна до Јавното обвинителство. Се истражува она што до вчера се сметаше за „јавна тајна“, а за кое никој не се осмелуваше да говори во јавност.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил