ОЈО со контра истрага - Како се финансирала кампањата на СДСМ
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017
Државното обвинителство повело истрага за начинот на кој се финансира партијата СДСМ што веќе се коментира како контра потег на СЈО кое веќе неколку дена води истражни дејствија поврзани со членовите, функционерите и донаторите на ВМРО-ДПМНЕ за финансирањето на изборната кампања во 2014-та.
Од страна на ОЈО биле проверувани транспортери, печатници и донатори на партијата, а првите истражни чекори обвинителството ги направило на почетокот на февруари, но засега не се повикани на распит функционери на СДСМ, информира Телма.
Истрага на ОЈО е поврзана со начинот на финансирање на кампањата на СДСМ за неодамнешните предвремени парламентарни избори, но сеуште не се откриваат детали.