05 Декември, 2025
0.0366

ОКТА ја продолжува соработката со општината Илинден

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2013 16:14

Добивај вести на Viber

Рафинеријата OKTA ќе ја продолжи успешната соработка со општина Илинден. На средбата на претседателот на одборот на директори при ОКТА г-дин Сарантос Кириакопoулос и градоначалникот на општина Илинден – Жика Стојановски, беше дискутирано за повеќе прашања поврзани со самата општина, како и работењето на рафинеријата ОКТА, по што беше донесен заклучок дека соработката ќе продолжи и понатаму на взаемен интерес. Денеска беше отворена општинската библиотека во Домот на Културата во Илинден од страна на министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска, а ОКТА се вклучи како поддржувач на овој проект преку донација на интересни книжевни дела од повеќе жанрови. Од денеска па натаму, сите граѓани на Илинден ќе можат да ја посетат библиотеката и да уживаат во квалитетниот избор на дела од литературата.

Оваа донација е продолжување на низата успешни проекти кои досега се реализираа како резултат на соработката  помеѓу рафинеријата и општина Илинден. „ ОКТА како општествено одговорна компанија, континуирано се труди да вложува во локалната заедница во која припаѓа и дејствува. Се надеваме дека нашата плодна соработка ќе продолжи и понатаму, на обострано задоволство. ˮ -  изјави г. С.Кириакопoулос, претседател на одборот на директори при ОКТА. „Пристапот до интересна литература од повеќе жанрови, е особено корисен со цел да се стекнат различни знаења и образование, со што се зголемува и нивото на културна едукација.Токму отворањето на новата библиотека ќе го овозможи тоа за жителите на Илинден, а компанијата ОКТА со оваа донација го дава и својот придонес ˮ - изјави Жика Стојановски, градоначалник на општина Илинден.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј