20 Декември, 2025
0.0552

ОКТА со новогодишни изненадувања за децата од ПОУ Иднина и Д-р Златан Сремец

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2013 14:14

Добивај вести на Viber

Новогодишните и божиќните празници се ближат, а со тоа расте претпразничната еуфорија и се буди желбата за дарување и дружење кај секој од нас. Токму ова беше инспирација за компанијата ОКТА повторно да организира предновогодишна заедничка дружба со своите долгогодишни пријатели - штитениците од посебните училишта Иднина и Д-р Златан Сремец. 280 дечиња беа пријатно изненадени со новогодишните подароци од ОКТА – топли зимски елеци, неопходни за дечињата да можат непречено да уживаат за време на празниците. Во знак на благодарност кон својот долгогодишен пријател и донатор ОКТА, дечињата приредија и мала новогодишна приредба. „Новогодишните празници се ближат, а со нив оживува и легендата за Дедо Мраз и желбата да ги израдуваме најмладите со новогодишни подароци. Зимските елечиња подарени оваа година се нешто неопходно и потребно за децата од Иднина, но она што е навистина скапоцено за нив е нашата посета и вниманието. Овие дечиња се со навистина скромни желби, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност. Токму затоа, ниту една предновогодишна еуфорија не поминува без нашето заедничко дружење“, изјави Радојка Хелман Денковска, менаџер во секторот за општествена одговорност во ОКТА. „ОКТА е наш пријател веќе седум години, и со своите предновогодишни посети на децата им ја разубавува предноновогодишната еуфорија. Бескрајно сме им благодарни за посветеноста и за покажаната грижа кон овие дечиња со посебни потреби, а благодарение на нив сега имаме топли елеци за студената зима, но и топлина во срцето заради верното пријателство“, изјави Анета Петровска директорка на ПОУ Иднина.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии