ОКТА со поддршка на Црвениот крст во борба против гладот, 16 години со заедничка цел
Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2025 14:42
ОКТА АД - Скопје повторно, 16-та година по ред, ја потврдува својата долгорочна посветеност кон општествено одговорното делување преку поддршка на кампањата на Црвениот крст на Град Скопје „Помислете на нас“. По повод обележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на борба против гладот, иницијативата има цел да ја подигне свеста за важноста на борбата против оваа негативна појава, како и да обезбеди директна помош за социјално ранливите категории граѓани.
Во рамки на кампањата која ќе се одвива од 16 до 22 октомври оваа година, компанијата обезбедува финансиски средства за подготовка на пакети со прехранбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до семејствата и лицата кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.
„Поддршката на кампањата ‚Помислете на нас’, за нас во ОКТА претставува не само финансиска помош, туку и конкретен израз на солидарност и грижа за оние на кои таа поддршка им е најпотребна. Секој пакет кој ќе стигне до граѓаните кои се во социјален ризик е потсетник дека заедно можеме да направиме вистинска разлика и да изградиме општество во кое солидарноста е вредност што сите ја споделуваме“, изјави Антонио Велковски, претседател на организацијата на Црвен крст при ОКТА.
Кампањата „Помислете на нас“ е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на храната, иницијатива што има цел да ги потенцира напорите за намалување на гладот и сиромаштијата на локално и глобално ниво.
Компанијата преку оваа иницијатива и долгорочната соработка со Црвениот крст, ја покажува својата одговорност и посветеност кон заедницата и го потврдува својот статус на доверлив партнер на Црвениот крст, активно придонесувајќи кон хуманитарни активности, со фокус на директна поддршка, кои овозможуваат повисок квалитет на живот на најранливите членови на заедницата.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





