05 Декември, 2025
0.0331

Окта стартува со производство ?

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2012 13:25

Добивај вести на Viber

Рафинеријата Oкта наскоро ќе стартува со сопствено производство во земјва ,  дознава Фактор. Најавата за старт на производството следува по шест месеци пауза на производството на нафтени деривати во ОКТА.  Инаку , според официјалните информации доставени од компанијата до Министерството за економија производството во ОКТА е запрено поради редовен годишен ремонт а за цело време додека производството беше запрено се вршеше увоз на нафтените деривати.  Засега нема официјална информација колкав увоз е направен и колку пари се одлеани за таа намена.
Од министерството за економија информираат дека според  Договорот за купопродажба на Рафинеријата ОКТА , од  1999 година помеѓу Владата на Република Македонија и стратешкиот инвеститор ЕЛ.П.ЕТ.Балканики, ОКТА во првите 5 години од потпишување на Договорот (период кој е изминат ), има право на увоз на нафтени деривати во сооднос од 1:5 на увезени наспроти произведени нафтени деривати, до максимално вкупно количество на нафтени деривати од  1.500.000 тони годишно.
Пазарот на нафта и нафтени деривати во Македонија е целосно либерализиран и трговците на големо можат да вршат увоз и извоз на нафтени деривати. Исто така и ОКТА може да увезува сурова нафта и нафтени деривати според своите потреби и можностите за преработка на суровата нафта согласно техничко технолошкиот процес кој го поседува, а врз основа на лиценците кои ги поседува. Според податоците од  Енергетскиот биланс за 2012 година, проектираното производство и увоз на нафтени деривати изнесува: производство 692.200 тони и увоз 200.000 тони.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети