ОЛЕСНИЛА ПЕНЗИОНЕРКА ЗА 11 000 ЕВРА: Адвокатка заврши во притвор пред да избега
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2019
Осум дена притвор доби адвокатка која ОЈО ќе ја гони за измама.
Осомничената, како што информираше обвинителството олеснила пензионерка која според надлежните ја застапувала пред ПИОМ за случај на остварување и ретроактивна исплата на семејна пензија.
Адвокатката имала полномошно и штом дознала дека на сметка на сега оштетената легнале 680 634 денари , со личната карта од пензионерката и со непознато лице кое наводно личело на нејзината клеинтка во кумановска банка пробала да направи трансфер на парите но не и успеало бидејќи им била сомнителна на службениците.
Обидот сепак и успеал од втор пат во скопска експозитура на банката кога направила да трансфер на паричните средства.
Адвокатката паднала во раце надлежните на граничниот премин Табановце по претходна пријава од Кумановската експозитура, па бидејќи може да го повтори делото а и да се пушти во бегство е приведена по барање на ОЈО.