Оливер Андонов пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја објави фракцијата: Мицкоски не одбрани ниту еден национален интерес
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2022 12:40
Оливер Андонов, поранешниот краткотраен министер за внатрешни работи, денеска пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ ја објави „фракцијата за демократско ревитализирање“ која паралелно ќе делува во најголемата опозициска партија.
На новинарското прашање зошто токму сега се формира фракција, тој одговори дека лидерот Христијан Мицкоски не одбранил ниту еден национален интерес во изминатиот период.
„Партијата која на почетокот беше симбол на македонската демократија стана симбол на политичка декаденција Покрај оставката на Мицкоски и целта за организација на нови избори за нов претседател, бидејќи сметам дека Мицкоски е потполно потрошпен, ќе следува и повик до членството во комитетите, кои се речиси целосно мртви, да се обединиме“, рече Андонов.
Тој додаде дека на Мицкоски голема грешка му била што дал поддршка за независен кандидат за градоначалник на Град Скопје при толку масовно членство во ВМРО-ДПМНЕ.
- Ќе упатам една порала до сите таканаречени ботови - никој во оваа фракција не работи ниту за СДСМ, ниту е платен за некого да работи, наведе Андонов.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




