Оливер Кемпкенс: Македонскиот бизнис треба и може да биде видлив пред светот!
Објавено во: Мои пари 19 Август, 2014 08:26
Кемпкенс: Проектот во Руската федерација е инициран од страна на руската Дума. Мојата задача е во соработка со универзитетот Сколково да пренесеме знаења и да ги едуцираме деканите и лидерите за нови форми на соработка или нови начини на создавање на иновација во која централно место има клиентот. Ова е проект кој е од голема важност пред се од институционална страна, но и заради финансиската поддршка која ја има. Сметам дека секоја држава треба да размислува на големо. Русија секако се натпреварува со американските и германските универзитети. Но, не гледам зошто Македонија би го правела тоа. Иако постојат неколку мали земји со добро етаблирани академски системи, како на пример Холандија, а во прилог се и нордиските земји (Данска, Финска, Шведска) кои глобално важат за лидери во образованието за Дизајн и естетика. За Македонија да биде дел од лидерите мора најпрво да се дефинира која е вашата уникатна предност и да станете најдобри во тоа, без разлика дали глобално или во зоната на влијание. Ако зборуваме со Бизнис академија Смилевски, од искуство познавам пријатели кои студираа бизнис и менаџмент во Хрватска но имаа огромни проблеми за нивната диплома да биде признаена и во Германија. Тоа е еден од условите за да го започнете патот до врвот. Од она што јас го знам Бизнис академија Смилевски веќе има и студенти кои со дипломите од БАС работат во Шведска, Австралија и САД. Има многу предизвици, но главното прашање за мене лично е: Како можеме да направиме бизнис академија да биде најдобро рангирана на Балканот? Ова не е предизвик единствено на академијата, туку и на јавната администрација, студентите, јавноста и министерството. Но сепак јас сакам “невозможни“ мисии.
ФАКТОР: Вие сте сопственик и генерален менаџер во консултантската куќа “Adapt or Die Ventures” (Адаптирај се или умри), која е мисијата на компанија со така чудно име?
Кемпкенс: Мојата компанија е инкубатор за успешен производ. Клиентите работат со нас затоа што ние им помагаме драстично да го намалот ризикот за пропаст користејќи емпатија како двигател на човечки центрираниот развој на производи. Им помагаме иновацијата да заземе корен и потоа целосно да еволуира затоа што знаеме како да го направиме критичниот спој помеѓу она што клиентите купуваат и како вашиот производ да биде препознатлив. За да останеме на врвот веруваме дека проектните менаџери мора да бидат врвно квалификувани консултанти, па затоа инвестираме во тимската едукација и ја поддржуваме нивната акдемска кариера. Adapt or Die има предавачи, но и студенти на следниве универзитети: Stanford University, British School of Design, University of Mannheim, Skolkovo Business School Moscow, University of Applied Sciences- Austria. Клиентите заминуваат задоволни од кај нас со видливи резултати во нивната работа. Ние успешно ја зголемуваме шансата за пазарна успешност на иновацијата за преку 40 проценти, а еден од нашите клиенти, светскиот магазин Fortune, на својата листа Fortune 500 го измери резултатот од нашата работа и дојдоа до заклучок дека проектите водени од нас на маркетите доживуваат успех во зголемена продажба од 16 до 64 проценти.
ФАКТОР: Вие сте и лидери во иновативниот менаџмент, дизајнирано размислување, преговори и уште многу други научни теми за кој предавате насекаде низ светот. Ја гледате ли можноста за вакво предавање да биде одржано во Македонија и дали бизнис климата кај нас е подготвена за големи промени?
Кемпкенс: Кратко и јасно: Да. Модерната технологија, иновациите, старт- ап компаниите, се ова се појавува насекаде дури и во најмалите можни локации во светот. Македонија има одлича стратегиска позиција во срцето на Европа која мора паметно да се искористи. Како што имам информации веќе кај вас постојат неколку иницијативи, млади компании и старт- ап компании кои активно работат, покрај нив постојат и брендови како домашни така и странски кои уживаат доверба на пазарот, за визибилност на македонскиот бизнис на глобално ниво чекорот е многу едноставен: обединете ги сите под едно знаме и светот ќе разбере за бизнисот во Македонија. Верувам дека тоа го можете.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




