21 Јануари, 2025
0.0247

Оливер Спасовски: ДИК треба да знае зошто не е предвиден изборен молк на 15 јули

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Државната изборна комисија е таа која треба да даде одговор зошто не е предвиден изборен молк на денот на самото гласање на предвремените парламентарни избори - 15 јули. Изборен молк ќе има во понеделник и вторник - 13 и 14 јули, кога ќе гласаат болните, изнемоштените и позитивните на Ковид-19, но не и последниот ден од изборите, како што е вообичаено во досегашната пракса.

- Многу поважно е каква ќе ни биде кампањата , како ќе ги следиме пораките на граѓаните, дали ќе бидеме на висина на задачата. Говорот на омраза и нападите да ги замениме со проекти. Мислам дека не е ништо намерно, мислам дека и за тој ден ќе се разгледаат опциите во ДИК, тие ќе ги донесеат одлуките по ова прашање, рече Спасовски.

За отворањето на границите без никакви рестрикции од петок и аеродромите од 1 јули вели дека анализите на Комисијата за заразни болести ја вклучуваат и епидемиолошката слика од земјите во регионот, иако кај некои од нив се зголемува бројот на позитивни на корона-вирусот.

- Отворањето на границите го најавувавме подолго време. Анализите на Комисијата се темелат на епидемиолошката слика и од нашето опкружување. Проценката е сега дека треба да има слободен проток. Прво ЕУ ги отвори границите за членките, а од 1 јули и кон трети земји, меѓу кои и земјите од целиот наш регион. Треба да се научиме да живееме со вирусот и да го промениме начинот на живот. Колективните мерки го дадоа максимумот, а сега преостануваат само да се почитуваат личните мерки, наведе Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници