27 Јануари, 2025
0.0314

ОМД бара отфрлање на Тиранската платформа, попис, па избори

Објавено во: Македонија 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува сите активни чинители во македонската политика да ги стават интересите на нацијата на прво место.

ОМД преку соопштение ги повикува сите политички партии да ја осудат Tиранската платформа, оценувајќи ја притоа како сепаратистичка и националистичка агенда наметната од страна на албанските политички партии, која ги дискриминира сите други во Македонија, а тоа го бара и од САД  и ЕУ.

Oд ОМД бараат политичките партии да се договорат да ги поништат резултатите од изборите одржани на 11 декември 2016 година, со образложение дека нема направено попис и повикува на итно одржување фер, демократски и коректен попис со користење транспарентни методи.

По одржаниот попис, од ОМД сметаат дека треба да се одржат повторни избори, а сите политички партии да ги презентираат своите идеи директно на гласачите, како дел од изборна кампања, да се создаде шанса народот да ги избере своите претставници, врз основа на целосно прикажување на изборните програми на сите партии, особено во однос на политиките кои можат да ја загрозат унитарноста и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Во ОМД наведуваат дека сите политички партии треба да го признаат македонскиот јазик како национален јазик, како и неговото витално значење како обединувачки елемент на македонското општество.

ОМД во соопштението го повторува својот долгогодишен став за отфрлање на сите обиди да се промени или да се наметне некое друго име на Република Македонија и на македонскиот народ, а идната влада ја повикува и формално да се повлече од преговорите за името под покровителство на ОН и да поднесе резолуција пред Генералното собрание и Советот за безбедност да бидеме признаени од страна на ОН под нашето уставно име – Република Македонија.

ОМД ги повикува владите на Грција и Бугарија да покажат добрососедски односи и принципи на 21. век, со признавање на македонскиот идентитет.

Можеби ќе ве интересира

УПОТРЕБИЛА ТЕРМИН „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“: МАЕИ бара јавно извинување oд албанската амбасадорка во Софија

УПОТРЕБИЛА ТЕРМИН „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“: МАЕИ бара јавно извинување oд албанската амбасадорка во Софија

ПОКРОВИТЕЛ Е РАДЕВ: Со бугарски и македонски уметници во Софија ќе бидат одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

ПОКРОВИТЕЛ Е РАДЕВ: Со бугарски и македонски уметници во Софија ќе бидат одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Стоилковиќ објави фотографии: Министерско БМВ од 60.000 евра „размонтирано“ на сервис

Стоилковиќ објави фотографии: Министерско БМВ од 60.000 евра „размонтирано“ на сервис

ГОРЕЛЕ ГУМИ, ИВЕРКИ, ОТПАДНИ ДАСКИ: „Паднаа“ казни и опомени

ГОРЕЛЕ ГУМИ, ИВЕРКИ, ОТПАДНИ ДАСКИ: „Паднаа“ казни и опомени

РАЗОЧАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ НЕВЛАДИН СЕКТОР: Амбасадата на САД ги запре сите проекти во земјава, нема пари ни за почнатите

РАЗОЧАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ НЕВЛАДИН СЕКТОР: Амбасадата на САД ги запре сите проекти во земјава, нема пари ни за почнатите

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОКАЖА ДОКУМЕНТИ: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОКАЖА ДОКУМЕНТИ: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

ШЕСТЕ БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ОВАА НЕДЕЛА: „Уште еднаш да повторам - лекови има“

ШЕСТЕ БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ОВАА НЕДЕЛА: „Уште еднаш да повторам - лекови има“

ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО, ИАКО НЕГИРА: Се огласи обвинителката Крстевска

ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО, ИАКО НЕГИРА: Се огласи обвинителката Крстевска

КОЈА Е ДАНИЕЛА КОЛЕВА, НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ - еве кој сѐ ќе членува во таа партиска организација

КОЈА Е ДАНИЕЛА КОЛЕВА, НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ - еве кој сѐ ќе членува во таа партиска организација