20 Декември, 2025
0.0418

ОМД: Kрајно време e сите политички лидери во Македонија да се воздржат од говорот на омраза

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2016 10:34

Добивај вести на Viber

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) смета дека е крајно време сите политички лидери во Македонија да ја стават државата и нејзините граѓани на прво место, а воедно да се воздржат од говорот на омраза. 

ОМД смета дека на Македонија ѝ е потребна одговорна влада во најбрзо време, како што ѝ е потребна конструктивна и ефективна опозиција, бидејќи само тоа ќе овозможи и ќе гарантира подобрување на демократските процеси во државата.

Лидерите мора да покажат одговорност ако сакаат народот да ги следи нивните позитивни примери и лидерство, реагира ОМД по последните случувања во Република Македонија.

„Лидерите треба да се фокусираaт на почитување и нагласување на Уставот кој што ги гарантира правата на сите државјани, вклучувајќи ги и правата на малцинствата, кои што веќе се и ги уживаат сите права на рамноправни граѓани загарантирани во самиот Устав. Само во тој случај, сите жители во државата ќе се чувствуваат рамноправни и рамногласни, а како резултат на тоа, повиците и идеите на некои политички лидери за двојазичност, кантонизација и федерализација на државата ќе згаснат и ќе бидат побиени од самите жители на државата. Во изминатиов период се појавија многу информации во медиумите за наводни интервенции во внатрешната политика на Македонија од страна на странски дипломати од земји со кој Македонија има добри билатерални и стратешки односи. ОМД ги повикува странските дипломати во државата да се воздржат од евентуални интервенции во внатрешната политика на државата, особено во каква било форма на притисок врз лидерите на политичките партии околу составот на следната Влада.  Секое мешање и притисок кон една или друга партија може да доведе до зголемување на конфронтацијата помеѓу преставниците на политичките партии во државата, со што воедно може да предизвика сериозни и долготрајни меѓупартиски и меѓуетнички проблеми во Република Македонија“-соопшти ОМД.

Велат дека откако ќе биде формирана новата влада, дијаспората ќе биде таа што најмногу ќе ѝ помогне на татковината. Додаваат дека дијаспората со сите свои напори и можности ќе биде на распологање да помогне за социо-економското унапредување на Македонија, како и нејзиното евентуално полноправно членство во НАТО и ЕУ. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки