ОМО Илинден - Пирин со реакција до Ковачевски: Зошто не го спомена македонското малцинство во ОН
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2022 14:00
ОМО „Илинден“ - ПИРИн се јави со реакција по говорот на премиеорт Димитар Ковачевски дека не ги споменал македонските малцинства во Бугарија и Грција во своето обраќање во Обединетите нации, иако дебатата била на таа тема.
-Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне!ж
Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат? Како да живееме во народна приказна – несакани од мајка – мразени од маќеа. Двојно несакани – двојно сами. После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои – реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера во рамките на Генералната дебата во ООН во Њујорк учествуваше и се обрати на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




