Oна што порано го купувале, сега го произведуваат, а вишокот го продаваат
Објавено во: Агробизнис 04 Ноември, 2017 10:23
Хамдија Малкиќ во 2005 година од Германија се вратил во селото Зелено Јадро кај Сребреница.
Тој на село засадил хељда, набавил механизација, почнал да работи во пластеник, а воедно и собирал шумско овошје.
„Она што го купувавме во градот, сега го произведуваме за сопствени потреби, но и за пазарот. Засадивме хељда, компир и тоа е наменето за пазар. Од козјо млеко правиме сирење за ситни, но и за поголеми купувачи во БиХ“ - вели Малкиќ.
Раскажува дека луѓето се чудат за џемот од домат, но кога ќе го пробаат, не прашуваат за цена.
Селото пред војната имало 76 домаќинства, а денес има само 15 куќи во кои има постојани жители.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





