05 Декември, 2025
0.0305

ОНЕ ќе ја намали цената на дигитализацијата

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2013 10:59

Добивај вести на Viber

На основа на барањето на Mинистерот за информатичко општество Иво Ивановски и националните и регионалните телевизии, телекомуникацискиот оператор ОНЕ одлучи да излезе во пресрет на барањето и да ги намали цените за дигитално емитување на програмските сервиси, како за националните, така и за регионалните телевизии. Намалувањето на цената, што ќе значи и оптимизација на техничките услови, е во бараниот процент, односно 36 отсто од иницијалниот износ, во случај на плаќање на годишна основа. Со ова намалување, цената за националните телевизии ќе изнесува 99.840 илјади евра, односно 13.056 илајди евра за регионалните телевизии. Согласно со тендерот, ОНЕ до надлежните институции веќе поднесе барање за измени на договорот и прилозите кон истиот со што овие промени би стапиле во сила. ОНЕ одлучи да ја намали цената препознавајќи ја важноста на проектот дигитализација кој е од национален интерес и очекува дека овој чекор ќе ги охрабри телевизиите да се приклучат кон процесот, а сето тоа во интерес на граѓаните на Македонија. ОНЕ е технички подготвен за претстојната дигитализација и комплетно ги почитува обврските согласно тендерот на кој беше избран да ја спроведе дигитализацијата на телевизискиот сигнал, а која пак е меѓународна обврска што Македонија мора да ја заврши според Женевскиот договор од 2006 година. Придобивките од дигитализацијата за граѓаните се: постојан квалитет на сигналот, избор на повеќе програми, можност за мобилен и преносен начин на прием и мали можности за рефлексија при репродукција.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј