05 Декември, 2025
0.1253

ОНЕ со континуиран раст во работењето

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Групацијата Телеком Словеније го објави финансискиот извештај за првиот квартал од 2013 година. Во првиот квартал од годината Групацијата генерирала 190,5 милиони приходи, што заедно со другите финансиски индикатори е во линија со планираните вредности, а споредено со останатите оператори во Европа, Групацијата Телеком Словеније е меѓу компаниите кои најуспешно се справуваат со негативните трендови. Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во своето работење забележува значително подобрени резултати. Зголемувањето на претплатничката база допринесе во подобрување на финансиските резултати што претставува  континуитетот за последните периоди.  ОНЕ бележи раст на корисничката база и тоа, бројот на претплатници на броуд бенд интернет и мобилна телефонија во однос на истиот период лани е зголемен за 4%, а во фиксната телефонија, за 2%.  Во првиот квартал ОНЕ обезбеди континуиран раст на приходите, што изразено во бројки изнесува цели  14% во однос на истиот период лани, достигнувајќи скоро 19 милиони евра. Добивката пред камати, оданочување, депрецијација и амортизација (ЕБИДТА) достигна 3,5 милиони евра што споредено со истиот период лани изнесува  цели 126% зголемување. Добивката пред камати и оданочување или оперативната добивка (ЕБИТ) е под нулата, што во однос на минатата година е подобрување од цели 2,2 милиони евра. Споредено со првиот квартал минатата година, нето загубата е намалена на само 650 илјади евра. „Задоволни сме од резултатите од првиот квартал од годинава кои се доказ дека ОНЕ неуморно работи на постигнување на компаниските и целите на Групацијата и доказ дека корисниците, при изборот на оператор,  го препознаваат ОНЕ како сигурен телеком партнерж,“ коментира Главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол. Согласно позитивните резултати на Групацијата, 190,5 милиони евра приходи, нешто помалку од 63 милиони евра (ЕБИДТА), 20,3 милиони (ЕБИТ) и 14,5 милиони нето профит Групацијата Телеком Словеније, споредено со останатите телекоми во Европа, се вбројува помеѓу компаниите кои најуспешно се справуваат со, генерално, негативните трендови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј