15 Мај, 2024
0.0305

Oне.Вип станува лидер во бројот на корисници на мобилна телефонија со најголем инвестициски капацитет

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за 2015година вклучувајќи ги и резултатите од работењето во Македонија.

Во Република Македонија, годишните резултати за 2015 година ги вклучуваат и уделите на ОНЕ и Близу Македонија и тоа - по спојувањето со ОНЕзавршено на 1 октомври 2015г. резултатите се консолидираниза четвртиот квартал од 2015г., а од Близу,аквизиран во јули 2014г., за цела 2015г.

Спојувањето со поранешниот трет по големина мобилен оператор ја зацврсти позицијата на оне.Вип како број еден оператор на пазарот на мобилната телефонија во Македонија. На крајот на 2015г.оне.Вип имаше корисничка база од 1,163,000 корисници и достигна пазарен удел од 53.7%. По аквизицијата на Близу и неколкутепомали кабелски оператори, како и по спојувањето со ОНЕ , на крајот на 2015г., сегментот Македонија брои околу 145,000 корисници на фиксни пристапни линии.

Приходите во Македонија пораснаа за речиси 30% споредено со минатата година и изнесуваат речиси 80 милиони евра. Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИДТА) на сегментот Македонија е зголемена за 33,6% во 2015г. споредено со минатата година и изнесува 16,821,000 евра. Заработката пред камати и даноци(ЕБИТ) се зголеми за речиси 77% и го намали негативниот тренд до негатива од речиси609,000евра.

Капиталните трошоци беа водени од инвестиции во мобилната и фиксната мрежа и беа значително повисоки во 2015 г.споредено со 2014 г. и изнесуваа  21,455,000 евра. Нето добивката на крајот на 2015 г. беа негативни1,443,000 евра.

Сегментот Македонија од Телеком Австрија Групацијата ги вклучува резултатите од работењето на оне.Вип ДОО Скопје – компанија основана со спојувањето на телекомуникациските оператори Вип и ОНЕ во октомври 2015 г. при што Телеком Австрија Групацијата има 55% удел и единствена контрола над ново формираниот ентитетоне.Вип, а Групацијата ТелекомСловенијеима удел од 45%. Аквизицијата на Близу Македонија што заврши на 30 јули 2014 г. претставува значаен чекор во реализација на стратегијата за конвергенција на Телеком АвстријаГрупацијата.

Во првиот квартал од 2015г., по аквизицијата на кабелскиот оператор Близу Македонија од страна на Телеком АвстријаГрупацијата, првите конвергентни производи беа лансирани од страна на Вип. Преку аквизиција на помали кабелски оператори во 2015 г., македонскиот сегмент на Телеком Австрија Групацијата достигна покриеност од околу 240.000 домаќинства.Во 2015 г. оне.Вип започна со инвестиции во нова мобилна мрежа и модернизација на инфраструктурата на фиксната мрежа, која ќе продолжи во 2016 г. и до крајот на 2016г. ќе обезбеди најнапредна мобилна технологија низ цела Македонија.

Телеком Австрија Групацијата(VSE: TKA, OTC US: TKAGY) вчера вечерта ги објави финансиски резултати за 2015 година заклучно со декември 31, 2015г.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти