05 Декември, 2025
0.0311

Опаѓа продажбата на автомобили

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2013 14:36

Добивај вести на Viber

Во последните неколку години опаѓа продажбата на автомобили во Македонија. Се помалку се увезуваат возила, а се намалува и интересот на граѓаните за купување на нов или стар автомобил. Импортерите на нови возила и увозниците на стари возила се жалат на драстичен пад во продажбата, особено по 2010 година.

Според Царинската управа минатата година во Македонија се увезени 32.567 патнички возила од кои само 4.021 нови и 28.546 стари за разлика од 2010 година кога во државата се внесени 58.582 автомобили, односно 7.183 нови и 51.399 користени. Во првиот месец од годинава увезени се 346 нови и 2.637 стари патнички автомобили.

Увозниците на нови возила велат дека минатата година е остварена најниската продажба досега. Продадени се само 4.816 возила, односно 73 проценти помалку во споредба со 2008 година кога се купени околу 18 илјади нови автомобили.

Падот во продажбата според импортерите почнал со светската финансиска криза, а продолжил во 2010 година со донесувањето на одлуката за увоз на стари возила.

Од Владата увозниците побараа воведување на нормативот ЕУРО 4 за половни возила, бидејќи според нив во изминатите три години е задоволена социјалната компонента поради која беше дозволен увозот на стари возила. Како дополнителна аргумент го посочуваат и се поголемото загадување на воздухот, односно испуштањето на штетни честички во воздухот од старите автомобили кои за разлика од новите немаат заштитни филтри.

- Сметаме дека сега е моментот да се реализира нашето барање за воведување на нормативот ЕУРО 4 за половни возила бидејќи согледувањата се дека со увозот на преку 114 илјади користени автомобили во последните три години е задоволен социјалниот момент кај граЌаните кои не беа во можност да купат нов автомобил, велат импортерите на нови возила.

Ова барање според информациите од Владата е ставено во соодветна владина процедура и оти е побарано мислење од министерствата за економија, за финансии и за транспорт и врски околу можностите за негово прифаќање.

- Во тек е правење на анализа и проценка во однос на можностите за прифаќање на нивните барања или пак ремоделирање на мерките и воспоставување на нова мерка која ќе значи задржување на социјалната компонента од една страна, но и исчекор кој ќе помогне во работата на импортерите кои се занимаваат со увоз на нови автомобили. Очекуваме дека во текот на следниот период барањето ќе биде разгледано на владина седница, изјавил владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На слаба продажба се жалат и увозниците на стари возила кои велат дека продажбата секоја година опаѓа во споредба со 2010 година кога како резултат на одлуката за дозволен увоз на возила со ЕУРО 1 И ЕУРО 2 стандард во државата се внесени 51.399 употребувани автомобили.

- Секоја година се помалку и помалку се продаваат половни возила. Имаме пад во продажбата во просек за околу 50 проценти. Ако порано во просек се продаваа по 10 возила месечно, сега продажбата е падната на три возила, велат увозниците на стари возила.

Ставот на импортерите на нови возила и на увозниците на стари возила се дека засега нема да се подобри состојбата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност