Добивај вести на Viber
Вчера од затвор во Албанија избегале седум затвореници, дел од нив осудени и на доживотни казни затвор, известија албанските медиуми.
Ова беше повод и за засилено ниво на безбедност во Македонија, главно од страна на полицијата.
Според написите во медиумите, затворениците побегнале од затворот во Корча, а се посочува дека се вооружени и опасни.
За бегството биле информирани и полициите на соседните држави, а албанските органи поставиле повеќе контролни пунктови на патиштата и ја засилуваат контролата.