ОПАСНОСТА НЕ Е ПОМИНАТА: Шпанија стравува од нови врнежи - расте бројот на жртвите во Валенсија
Објавено во: Свет 01 Ноември, 2024
На работниците од итните служби кои учествуваат во спасувањето од денеска ќе им помага армијата, која ќе биде ангажирана во полн обем, како што изјави претседателот на регионот Валенсија, Карлос Мазон.
– Само што побарав вклучување на армијата и расположливите копнени, морски и воздушни сили за зајакнување на логистичките задачи и дистрибуција на помош на населението – изјави вчера Мазон во објава на социјалната мрежа Х, пренесоа шпанските медиуми.
Повеќе од 1.000 војници од шпанските спасувачки единици им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи во потрагата по тела и преживеани претходно денеска.
Министерството за одбрана на Шпанија соопшти дека само војниците до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица од поплавеното подрачје.
На спасувачите им помагаат и дронови кои трагаат по калта и урнатините за знаци на живот. Сè уште не се знае точно колку луѓе се водат за исчезнати, но шпанскиот премиер Педро Санчез ја нагласи целта да се спасат „што е можно повеќе животи“ кога ги посети погодените заедници.
Багери и камиони започнуваат долга операција за чистење
Во областа Ла Торе во градот Валенсија синоќа повторно врнеше дожд, па улиците повторно беа покриени со кал, јавува „Би-Би-Си“. Бројни багери и камиони се исто така таму додека властите се обидуваат да отстранат десетици автомобили кои беа расфрлани од поплавите.
Некои од автомобилите се веќе отстранети, но ова е многу долг процес за службите кои работат на отстранување на последиците од поплавата.
Осум безживотни тела откриени во гаража
- Водата со голема брзина течеше по улицата и нивото многу брзо се покачи; наеднаш попушти вратата од гаражата - објаснува таткото на еден од починатите.
Кога водата почнала да се крева во Ла Торе, неколку соседи побрзале да ги извадат своите автомобили од гаражата. Неколкуте минути што им биле потребни да стигнат до своите возила биле доволни за да се најдат во неизбежна ситуација.
Scenes of piled-up vehicles in Valencia, Spain today after yesterday’s devastating flooding. pic.twitter.com/BM0k2QmADg
— Massimo (@Rainmaker1973) October 30, 2024
- Знаеме дека се таму од вчера, но до сега не беше можно да се пристапи до нив - додаде тој.
Членовите на ова семејство отишле во гаражата да ги спасат возилата, не знаејќи дека тоа ќе биде фатална одлука.
Временската прогноза не охрабрува
Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон.
Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, претставува нов проблем за жителите. Бидејќи земјата е веќе заситена со вода, понатамошните врнежи може да доведат до дополнителни поплави.
Се вели дека тоа е најголемата катастрофа што ја погоди Шпанија во последните децении, а властите ги предупредуваат жителите дека вонредната состојба сè уште не е завршена. Најмалку 161 лице загина во невремето, од кои 40 само во Паипорта, која беше најтешко погодена, а спасувачките екипи се уште трагаат по исчезнатите.
Во средата шпанската влада прогласи тридневна жалост за жртвите од поплавите.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.