Оперативен стол за Прилепската болница, донација од Витаминка и Прилепска Пиварница
Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2016 13:34
Општата болница во Прилеп „Борка Талески“ ќе добие нов оперативен стол, заедничка донација од Витаминка и Прилепска Пиварница во вредност од 12.500 евра. Оперативниот стол е наменет за Одделението за офталмологија и станува збор за неопходна опремасо мултифункционални перформанси.
Двете најголеми прилепски компании се обединија во хуманиот гест да го снабдат ова одделение со нова и мултифункционална опрема и уште еднаш на дело да ја покажат својата општествена одговорност.

„Како компании и како граѓани на Прилеп треба да бидеме свесни за улогата што ја имаме во заедницата и одговорноста што ја носиме како стопански субјекти што потекнуваат пред сè од овој град. Доколку се раководиме од овој мотив, многу состојби може да бидат променети на подобро. Донацијата воедно е манифестација на нашата континуирана грижа за заедницата каде работимеи потребите на нашите сограѓани“, изјавија од Витаминка.
Оперативниот стол е набавен од реномирана компанија, производител на специјализирана медицинска опрема и исполнува една од поголемите потреби на офталмолошкото одделение.
„Овој пат како дел од нашите активности за социјално општествена одговорност се решивме да направиме донација за Прилепската општа болница.Се надеваме дека оваа наша заедничка иницијатива ќе ја следат идруги компании иисто така ќе придонесе за подобрување на здравствените услуги наОдделението за офталмологија“, изјавија од Прилепска Пиварница.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




