05 Декември, 2025
0.0372

Операторите подготвени, дигитализацијата стартува на полноќ

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2013 20:24

Добивај вести на Viber

Најавувана со години, од полноќ и официјално аналогниот телевизиски сигнал заминува во историјата, а македонските граѓани ќе гледаат телевизија само преку дигитален сигнал. Целта на дигитализацијата, појаснуваат од АЕК е на гледачите да им се овозможи кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги. Оние кои имаат кабелски приклучок, Макс и Бум ТВ или нов телевизор со вграден дигитален примник, нема да имаат проблем. Но гледачите кои имаат постар модел на телевизор и собна антена од утре на овој начин нема да можат повеќе да гледаат телевизија. Тие ќе треба да издввојат од својот буџет дополнителни средства или за да купат нов телевизор со вграден уред за дигитален прием, или пак дигитален приемник (сет топ бокс) за да можат да следат телевизиска програма. Како главната разлика во однос на досегашното аналогно емитување, надлежните ја посочија употребата на еден фреквентен канал за пренос на повеќе телевизиски програми во исто време. Дополнително дигитализацијата  овозможува воведување и на 4G (четврта генерација на широкопојасни мобилни мрежи) со што се обезбедува голема брзина на интернет пристап.  Ќе се  добие и повеќеканален тон, односно дополнителни услуги како титлување на повеќе јазици и можност за избор на саканиот јазик, електронски телевизиски водич со термин на прикажување и опис на емисиите до седум дена однапред, прием на телевизиските сервиси и со други „паметни“ уреди и средства (персонален компјутер, телефон, лаптоп, таблети и друго). Ова сепак, коментираат експертите, оние кои сакаат да го користат ќе треба дополнително да го платат. Од вкупно 61 телевизија во целата држава  60 телевизии побараа промена на дозволата од Советот за радиодифузија (СРД) за премин од аналогно во дигитално емитување. Од нив 30 телевизии ќе емитуваат програма преку ОНЕ, а 30 преку кабелски оператори.  Годишниот надомест кој националните телевизии ќе го плакаат на операторот ОНЕ е 99.840 евра. Сумата за регионалните телевизии пак изнесува околу 13 илјади евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј