19 Декември, 2025
0.0547

Опозицијата го нападна Ципрас поради референдумот

Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2015 10:39

Добивај вести на Viber

Опозициските партии ja нападнаа одлуката на премиерот Ципрас, и го обвинија дека ризикува со излезот на земјата од ЕУ со референдумот за спасувачкиот план, пишува „Катимерини“.

Социјалистичката партија „ПАСОК“ побара оставка на премиерот.

„Г-дин Ципрас не е способен да донесува одговорни одлуки, тој мора да ги остави граѓаните да гласаат за својата иднина на изборите“, гласела изјавата на „ПАСОК“.

Центристичката партија „Тоа потами“ исто така го обвини Ципрас за неодговорност.

„Алексис Ципрас и Панос Каменос одлучија да го поведат лобито на драхмата, да ја извадат земјата од ЕУ и да ја турнат од работ“, коментирал лидерот на „Тоа потами“ Ставрос Теодоракис. „Ние ќе се бориме за силна Грција во срцето на Европа“.

„Ципрас ја води државата кон референдум со крајниот збор „да“ или „не“ на Европа и нуди раскол со сите наши партнери“, изјавил поранешниот премиер Антонис Самарас од „Нова демократија“.

„Демократијата заслужавa поттик во прашањата поврзани со еврото . Ние го дадовме овој поттик. Нека луѓето решат. (Смешно е колку радикално звучи овој концепт!)“, Напишал на „Твитер“ грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис. Забелешката му беше објавена неколку минути откако премиерот Алексис Ципрас соопштил дека ќе одржи референдум за усвојување на спасувачкиот план, предложен од меѓународните кредитори на Грција. На прашањето дали повеќето луѓе ќе сфатат за што точно гласаат на референдумот, Варуфакис возврати „Ова прашање е натежнато од омраза кон демократијата“.

Претставник на еврозоната коментирал за „АФП“ дека разговорите на министрите од еврозоната, планирани за денес, сепак, ќе се одржат. По прашањето дали ќе се дискутира сегашниот предлог за спасувачка програма или можноста Грција да ја напушти еврозоната, тој одговори: „Ќе видиме. Некои земји сакаат да разговараат за план Б“.

Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка одбиле да коментира за изјавата на Ципрас и дали биле известени за референдумот. Медиумите додава дека анкетата покренува и правни прашања. Според грчкиот устав не е дозволено да се вршат референдуми за финансиски прашања, а според зборовите на Ципрас темата на референдумот е токму таква.

Во меѓувреме, во Атина по пораката на премиерот се формираа редици пред банкоматите.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен