18 Јануари, 2025
0.0280

Општина Центар во судир со Панчевски - Претседателот на Основен суд незаконски кренал два ката

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Владимир Панчевски, заедно со уште двајца инвеститори, бесправно и без дозвола направиле надградба на зградата за два ката повеќе од дозволеното, обвинуваат од скопската општина Центар. 

Во писменото соопштение од општината, е наведено дека инвеститорите од Општина Центар, во јуни 2015 година, добиле одобрение за „реконструкција и санација на фасадата во рамки на постојниот габарит“, но со ова решение тие немале право да направат никакво проширување или надградување на објектот.


Општинската инспекција издала барање за рушење на доградените катови, но вчера, како што се вели во соопштението, истражители од Основниот суд ја посетија општина Центар и ја одзедоа документацијата за овој предмет, а образложението е дека се работи за судски предмет, за кој не можат да даваат информации, е наведено во соопштението на Општина Центар.

Претходно беше откриено дека тројца вработени во МВР, од кои двајца инспектори, биле во Oпштина Центар, во врска со предмет во кои овластен градежен инспектор, по увидот, донесе решение за отстранување на дел од незаконски изграден објект на улица „Никола Вапцаров“, информираа од Oпштината. МВР од заменик раководителот на инспекцијата, во отсуство на раководителот на Секторот за инспекциски работи, со записник го одземаа предметот.

Надлежен градежен инспектор беше повикан во Обвинителство да даде исказ.

При извршената инспекција, констатирано е дека инвеститорите отстапиле од одобрениот основен проект и бесправно додале уште два ката, за што немаат платено ни комуналии.

Во решението се бара инвеститорите да го отстранат делот од градбата кој не е во согласност со проектот. Во спротивно, Општината ќе ангажира фирма и ќе го отстрани диво изградениот објект.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?