ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ФАКТОР: Само едната наставничка од ОУ „Гоце Делчев“ е позитивна, другата е во изолација заради контакт
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020
Во основното училиште „Гоце Делчев“ една од наставничките која води прво одделение е позитивна на корона вирусот, заради што во изолација се 15-те ученици и нејзината колешка, со која заедно го водат одделението. Ова за Фактор го потврдија од Општина Центар, од каде децидно нагласија дека само едната има позитивен тест на корона вирусот, а другата е во изолација и до сега нема симптоми на болеста.
-За наставничката кај која сега е потврдено дека е позитивна на вирусот бевме известени уште во неделата од страна на директорката на училиштетот „Гоце Делчев“ дека има симптоми, дека се чекаат резултати од тесто и дека од почетокот на оваа недела нема да доаѓа на работа. Нејзин последен работен ден бил во петокот, и поради тоа тшто тогаш таа била во контак и со нејзината колешка и со 15-те ученици кои физички ја следат наставата, тие сега се ставени во изолација, велат за Фактор од ооделението за образование на Општина Центар.
Инаку, во училиштето „Гоце Делчев“ настава со физичко присуство следат 2 одделенија од прво, две одделенија од второ и две оддленија од трето. Учениците од прво одделение кои сега се во изолација, наставата ќе ја продолжат онлајн.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.