Општина Илинден со Светска банка го реализира проектот „Енергетска ефикасност“
Објавено во: Мои пари 05 Март, 2013 15:57
По повод 5 Март, Светскиот ден на енергетската ефикасност во посета на општина Илинден престојуваше Малгожата Маркиевич Богов, директор на проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии и претставник на Светска банка во Република Македонија.
Маркиевич Богов се сретна со градоначалникот Жика Стојановски, ги посети ОУ „Гоце Делчев“ и општинската детска градинка „Гоце Делчев“, каде во соработка со Светска банка беше подобрена енергетската ефикасност преку инсталирање централен систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи, со користење обновливи алтернативни извори на енергија, при што заштедата изнесува повеќе од 60 проценти.
- Општина Илинден беше една од првите општини во Република Македонија што почна да ја применува енергетската ефикасност. Уште пред неколку години ваков систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи беше инсталиран во ОУ „Браќа Миладиновци“, информира општина Илинден.
За време на престојот во општина Илинден, гостите го посетија и Модуларното училиште кое исто така претставува високо енергетско-ефикасен објект, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, греење и ладење со алтернативни извори на енергија, со искористување на топлинската енергија од подземните води.
- Со имплементацијата на овие проекти се придонесува не само за заштеда на финансиски средства во буџетот на општината за затоплување на овие јавни објекти, туку и за подобрување на условите во образованието, а заштедените средства ќе бидат наменети за реализација на многу други инфраструктурни проекти, се вели во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





