18 Декември, 2025
0.2639

Општина Карпош: Советници вршат мобинг врз инспектор, тој објасни за што точно се работи

Објавено во: Македонија 26 Август, 2025 18:13

Добивај вести на Viber

Од Општина Карпош тврдат дека советници постојано вршат мобинг врз вработен инспектор. 

До медиумите ја доставија изјавата на Душко Андонов. 

„Јас сум вработен во Општина Карпош од 2008 година и од тогаш па наваму се променија повеќе состави на совети, Градоначалници и раководители. Секогаш имало нормална комуникација меѓу инспекцијата и советот и имало разбирање за тоа дека името ми е големо „Инспектор“, но за жал нашите овластувања се опструирани и нашата улога во сузбивање на прекршителите преку закон опструирани и направен е систем со многу администрирање и слаби ефекти. За жал поединци од советниците од овој состав во континуитет врз мене вршат притисок користејќи груби навреди и омаловажување и многу често пречекорувајќи ги своите овластувања како советник не само етички, човечки туку и законски. Врв на ароганцијата и безобразлукот на една советничка беше вчера која поднела пријава до архива во 9 часот изутрина, а во 9.10 веќе на каубојски начин упадна во мојата канцеларија без никаква предходна најава и барање веднаш да и се даде информација. Таа поднела пријава до архивата зошто така бара законот, пријавата да е во писмена форма или по маил и 10 минути по пристигнување на нејзината пријава во секторот, бара од мене да и дадам известување што се случува со конкретниот предмет. Нормално дека тоа е невозможно а згора на тоа во моментов имам над стотина активни предмети за кои тече процедура. Почитувани граѓани јас сум еден градежен инспектор, а стотици прекршители, јас не сум виновен тој што го пишувал законот ја растегнал процедурата до бесвест и овие исти советници не можат да разберат дека: Кога ќе добијам пријава јас сум должен во рок од 10 дена да излезам на терен, најчесто прекршителот не го наоѓам на лице место, барам контакт од истиот, телефон, седиште на фирма и адреса“, се вели во изјавата.  

Тој додава дека во голем број случаи иако соседите пријавуваат, сепак не сакаат да дадат податоци за прекршителот. 

„Кога ќе го пронајдам сторителот го повикувам кај мене да достави соодветна документација. Бидејќи нема одобрение за градба морам да изготвам записник. Овој записник морам да му го доставам во писмена форма, ги повикувам и телефонски, но тие знаат зошто треба да дојде и најчесто не доаѓа, потоа испраќам препорачано писмо кое во 50 отсто од случаевите се враќа со образложение дека не можат да ја најдат странката или истото не го подигнал. Јас ли сум виновен што поштата не функционира. Власта не знае дека оваа витална институција не не опслужува? Доколку овој документ го доставам лицето има право на приговор, ако е основан го прифаќам или отфрлам и носам нов акт опомена која повторно прекршителот треба да ја прими и мора да се помине низ истата голгота. Доколку нема одговор на тоа правам контролен записник и за тоа мора да има доказ дека доставата е извршена согласно закон. Доколку со контролниот записник се констатира дека објектот не е отстранет носиме решение за отстранување. И нормално мора решението правното или физичкото лице да го прими доколку тоа не се случи морам повторно да се обидам преку кој друг ако не преку поштата. Се случува да одам лично на врата и да не ми отворат врата. Доколку ја завршиме до овде постапката издавам налог за уривање за кој законот наложува задолжително странката да го има примено и затоа мора да има доказ во спротивно МВР не дозволува асистенција. Скоро сите прекршители поднесуваат жалби, наоѓаат врски и надлежните институции над нас ни го враќаат предметот на повторна постапка. И се мораме да направиме од почеток како што претходно ја објаснив постапката. Јавно прашувам како јас како градежен инспектор да бидам ефикасен на толку многу прекршители со толку сложена постапка и со ужасно не ефикасни други институции, а да не зборувам за притисоците, уцените и заканите кон мене и моето семејство. Трпам притисоци и закани од странки, но овие 4 години е неподнослива ароганцијата, безобразлукот и притисоците што врз мене одредени советници го вршат. Никакво објаснување за нив не важи, веројатно така им чини да се прават будали и да не сакаат да разберат на какви се проблеми наидуваме во спроведување на овие постапки. Јас примам плата да ја вршам својата работа и ја вршам. Знам дека има поплаки на мене и не само на мене туку и за сите колеги но ако сакате ефикасна инспекција обратете се кај Министерот за транспорт и врски нека го промени законот, нека ја скрати постапката, нека ни ги зголеми овластувањата и нека го зголеми бројот на инспектори“, додава тој. 

Рече дека некои советници 48 месеци земаат по 500 евра месечен паушал од општината и не се потрудиле нешто да научат, ниту закон ниту пак да научат како пристојно да се однесуваат. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми