05 Декември, 2025
0.0352

Општина Струмица дава грантови за граѓанските здруженијата

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2013 18:25

Добивај вести на Viber

За поддршка на граѓанските здруженија во општина Струмица годинава се одвоени 2,6 милиони денари. Јавниот повик за прибирање проекти од областа на локален економски развој, социјална заштита, култура, образование, заштита и унапредување на животната средина, млади и младински  политики треба да биде објавен веднаш по Велигденските празници и ќе трае 10 дена . Финансиската поддршка од општината е дефинирана како мали грантови во висина до 120 илјади денари. „Со  програмата G1 поддршка на ЛЕР,  има планирано два милиони денари кои ги става на располагање на здруженијата на граѓани заради реализација на проекти од областа на  локалниот економски развој вклучувајќи ги и културата, образованието, здравството и други проекти кои се однесуваат на локалниот економски развој во општина Струмица. Исто така и во  програмата V2, програма за социјална заштита, има проектирано 600 илјади денари за здруженијата на граѓани кои работат на социјалната заштита. Намерата ни е општина Струмица јавно да ги информира сите здруженија на граѓани и воедно да ги покани додека трае јавниот повик да подготват свои проекти и да ги достават до одделението за Локален економски развој и во рамките на спроведувањето на процедурата, соодветна комисија ќе ги разгледува и ќе ги поддржи во рамките на утврдениот износ“, информираше Тони Милушев раководител на одделението за Локален економски развој.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј