Изградена најубавата градинка, рекордни капитални инвестиции од речиси 13 милиони евра - Герасимовски со отчет за мандатот
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 16:35
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го презентираше отчетот за реализираните проекти во четиригодишниот мандат, изразувајќи задоволство што Центар денес е општина во која граѓаните се чувствуваат безбедно, достоинствено и почитувано.
„Од самиот почеток се водев од лични и семејни вредности, чесност, труд, солидарност, дијалог и почитување,“ рече Герасимовски.
Во изминатите четири години реализирани се рекордни капитални инвестиции од речиси 13 милиони евра, а долгот е намален за 65 проценти.
Изградена е најубавата детска градинка во државата „Пролет“, со капацитет од над 170 деца, проект целосно финансиран од буџетот на општината, а во ООУ „Коле Неделковски“ се доградени шест нови кабинети и училници, со што е решен повеќедеценискиот проблем во тој дел од Центар.
„Среќен сум што после 4 години, успеавме Центар да го подобриме, да го подигнеме на повисоко ниво. Успеавме да изградиме култура во која сите, без разлика на партиската, професионалната, верската или било која друга припадност, работат во интерес на општината. Општина Центар за првпат има стабилност, ред и поредок, нема скандали и афери, има дебата, има дијалог за најдобрите можни решенија за граѓаните“,истакна денеска градоначалникот на Општина Центар.
Герасимовски изјави дека во еден мандат е изградена најубава градинка во Скопје и Македонија, тоа е градинката „Пролет“ кадешто згрижени се 173 дечиња.
„Ја изградивме од буџетски средства, без помош од страна. Највисоки стандарди, по најниска цена на градба. За мене, и за Вас, најважно е да ги воведем највисоките стандарди за нашите најмили, за да нивните родители се спокојни, да можат да работат и да добијат најдобра грижа за децата. Воведовме новина, дечињата да можат да останат и подолго во градинките, за да дополнително им помогнеме на родителите. Покрај новата градинка, сите постоечки градинки, целосно ги реновиравме. Со нови фасади, со вистинска енергетска ефикасност, со најдобри внатрешни услови и со воведување на предучилишно образование“, додаде Герасимовски.
Тој посебен фокус во мандатот ставил за младите и образованието, информирајќи дека се реновирани сите училишта и поставени се највисоки стандарди за безбедност, квалитет во наставата и хигиената.
„Почнувајќи од огромната промена во „Коле Неделковски“ по 6 децении, па се’ до тековното поставување на фотоволтаици на „Кирил и Методиј“ кое оваа година одбележува 190 години постоење, како најстаро училиште во Македонија,“ рече Герасимовски.
Тој додаде дека за сите нови првачиња континуирано се обезбедуваат ранци и прибор, а од оваа година и квалитетни униформи за сите основци.
„Во нашите 8 општински училишта, учениците имаат најдобри спортски сали, нови смарт табли и услови да стекнат знаења со современите методи и техники. Центар е општина која најсилно во државата ги поддржува со стипендии талентираните ученици и младите спортски таленти“, изјави Герасимовски.
Меѓу реализираните проекти, на прес-конференцијата ги издвои обновените спортски терени и новоизградените детски игралишта.
„Ги обновивме отворените спортски терени и многу важно, ги обновивме и изградивме нови детски игралишта, со разновидни и безбедни реквизити, кои се вистински детски оази во нашиот Центар“, потенцираше Герасимовски.
Герасимовски, потенцираше и дека од самиот почеток во своето работење се водел од лични и семејни вредности и принципи.
„Принципи на чесност, скромност, на вредности на макотрпна работа, на вреден труд, на почитување на сите луѓе, на прифаќање на разликите, на обврската да помогнеме, да бидеме солидарни, толерантни, да имаме дијалог и разбирање, да имаме верба, да покажеме емоција кон сите и кон нашата околина и природа,“ истакна тој.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




