20 Декември, 2025
0.1561

Општините кои беа погодени од природни непогоди ќе добијат државна парична помош

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2013 11:46

Добивај вести на Viber

Македонската влада, на седницата оддржана на 19 ноември годинава, одлучи да одобри средства од резервите за 2013, со цел да им исплати парична помош на општините во висина од 15 отсто од пријавените штети од природните непогоди. Станува збор за вкупна сума од околу 53.5 милиона денари кои се распоредени во четири општини во кои граѓаните до локалните служби пријавиле штети од природните непогоди. Од овие средства, најмногу ќе добие Струмица односно околу 41.5 милиони денари, околу 230.000 се за Кичево, жителите на Кривогаштани ќе добијат околу 10.1 милиони денари и Штип со нешто повеќе од 1.7 милион денари. - Најголем дел од штетите кои штипјани ги претрпеле во Штип и штипско се однесува на 2012 и 2013 година. Во 2012 година, 94 лица пријавија штети, а во 2013 вкупно 134 лица. Ние подготвивме елаборати и истите беа усвоени на седница на Советот. Потоа истите беа испратени на усвојување на Владата. Морам уште еднаш да напоменам дека согласно законската регулатива, овие средства се 15% од вкупната штета, изјави Лазар Соколовски од Општина Штип. Надоместот се однесува на пријавените штети во периодот на 2010, 2011,2012 и 2013 година. Најголем дел од штетите се однесуваат на проблемите кои ги имаа земјоделците со своите различни земјоделски култури.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии