Општините не плаќаат струја за пумпите, села остануваат без вода

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2023
Селата од општините Арачиново и Дебрца неколку дена немаат вода во домовите, затоа што општините не ги подмириле огромните долгови за струја за работењето на пумпните станици, по што следуваа исклучувања од операторот.
Жителите на Арачиново три дена немаат вода во домовит. Од општината велат дека причина за прекинот на струјата се неплатени долгови од 2006 година. Од ЕВН рекле дека договорот за рати не е испочитуван.
„Општина Арачиново има постоечки договор за плаќање на рати на наталожениот долг за струја, кој не е испочитуван. Компанијата ЕВН понуди дополнителен договор за плаќање на наталожениот долг на рати, бидејќи овој долг е голем и натрупан.“, велат од ЕВН.
И додека општината не најде решение како да го плати долгот, жителите на Арачиново ќе останат без вода, објави ТВ21.
Околку 500 жители од повеќе села во општина Дебрца четири дена се без капка вода-Пумпите се исклучени поради неплатени сметки за струја од страна на општинското јавно претпријатие. Се работи за долг од околу 250.000 евра.Вчера е вклучена само пумпната станица во Трбеништа, за да не остане без вода охридскиот аеродром, пренесува Алфа ТВ.
Градоначалникот на Дебрца вели дека општината доставила барање до судот да донесе времена мерка за повторно вклучување на електричната енергија на пумпите за вода. Тврди дека побарале од ЕВН да случат спогодба за сервисирање на долговите. Од ЕВН велат дека на овие субјекти во континуитет им доставале опомени пред исклучување во секоја фактура за електрична енергија, а пред крајот на минатата година дополнително им било побарано да достават банкарска гаранција,но до сега истата не е доставена.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип
