20 Декември, 2025
0.0454

Орав:Реформата на јавната администрација останува приоритет

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2013 20:45

Добивај вести на Viber

Единствено ефикасна и функционална администрација може да осигура дека сите обврски за членство во ЕУ се имплементираат насекаде, изјави евроамбасадорот Аиво Орав за кого администрација е многу важен дел за политичките критериуми, но и приоритет за пристапување. За време на конференцијата „Пресретнување на предизвиците на јавната администрација“, тој посочи дека за реформата во јавната администрација биле наменети 13,5 милиони евра минатите 5 години и е втората најголема област на поддршка од ЕК преку ИПА. Реформата на јавната администрација останува приоритетна и во пакетот 2014-2020, додаде евроамбасадорот. За министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, веќе се прават реформи во јавната администрација и тоа не само поради исполнување на критериумите за пристап во ЕУ, туку како што рече,  заради самите нас, за граѓаните и потребата за професионалност и услужливост кон сите корисници на нејзините услуги. „Пристапивме кон имплементација на реформите, знаејќи дека се работи за долг и макотрпен пат кој бара преземање бројни чекори, кои понекогаш нема да бидат популарни и од секого прифатени“, изјави Ивановски кој додаде дека во тек е проектот „Пресретнување на предизвиците на јавната администрација“, преку кој со обуки ќе бидат опфатени 1250 јавни и државни службеници од кои 450 од немнозинските заедници. Во текот на конференцијата беа посочени двата нови нацрт-закони за административните службеници и за вработени во јавниот сектор, кои се во фаза на донесување.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии