ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2025 18:42
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повтори ставовите на Кремљ во интервјуто со Такер Карлсон, предупредувајќи дека ситуацијата во Украина може да стане европски Авганистан.
Неговите изјави предизвикаа дебата и критики низ Европа, бидејќи се во согласност со наративот на Москва, што дополнително создава проблеми во односите во ЕУ.
- Војната во Украина може да стане Авганистан на Европската унија, долготраен и скап конфликт без излез - изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан ги истакна стотиците милијарди евра помош што ЕУ досега ги има инвестирано во поддршката на Украина да се одбрани од руската инвазија која трае веќе три години.
- Ако претседателот Трамп не најде решение, оваа војна лесно може да стане Авганистан за Европската унија - повтори Орбан, алудирајќи на 20-годишната војна на САД во Авганистан.
Војната во Авганистан, која започна во 2001 година веднаш по нападите на 11 септември и заврши во 2021 година со нагло повлекување на американските војници, останува најдолгата американска војна во историјата.
- Бескрајна војна, бескраен конфликт, без излез, кој троши енергија, човечки животи, пари, се - рече Орбан продолжувајќи ја својата споредба.
- Тоа ја уништува рамката на нормалниот живот за Европската унија. Ние сме во сериозна опасност – заклучи тој.
Тој го повтори наративот на Кремљ дека Русија ја нападна Украина за да го спречи нејзиниот влез во НАТО, а вчера се бранеше од обвинувањата дека е сојузник на Путин.
- Јас не сум проруски човек, јас сум проунгарец - изјави тој.
- Тешкотијата е како да се убедат Русите да ја прекинат војната кога всушност победуваат. „Тоа е големо прашање“, додаде тој.
Орбан тврди дека поддршката на западните земји за Киев нема да трае вечно.
„Моето срце е со Украинците, но тие се во голема, голема неволја“, рече тој.
Унгарскиот премиер долго го критикуваше Киев, честопати напаѓајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски и постојано се закануваше дека ќе ја блокира помошта од ЕУ за Украина.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




