ОРБАН ВО ТЕСНО: Ќе тера по свое или ќе го предаде Никола Груевски
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2018 06:50
Цел свет дозна за Никола Груевски кој доби засолниште во Унгарија а пријателот кој му го даде азилот сега е на удар на критики.
По упатените барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски кој моментално е во бегство и се наоѓа во Унгарија, европските пратеници го притискаат човекот кој му ги отвори вратите и за помалку од една недела му даде политички азил.
Европскиот парламент ги усвои амандманите меѓу кој е и тој со кој се бара испорачување на бегалецот во земјава.
Сега Виктор Орбан е под притисок на меѓународната заедница која дава поддршка на Македонија и според која Груевски имал фер судење за случајот во кој доби две години затворска казна.
-Тоа што Унгарија го прави е мешање во судските работи ан една држава која се труди да се подобри и да стане членка на ЕУ. И тоа не е конструктивно-изјавила Џудит Саргентини која го поднела амандманот во ЕП.
ЕП стави до знаење дека Никола Груевски имал „транспарентен судски процес“ потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е вклучен во дополнителни пет кривични истраги.
Одлуката ја има унгарскиот премиер кој е убеден дека против Груевски се води политички прогон а екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ му е сојузник .
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




