Органите на прогонот се уште трагаат по Кочан-Апелација бара спроведување во Шутка
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 16:53
Повеќе од недела дена бизнисменот Сеад Кочан не им е достапен на органите на прогонот.
Денеска Апелација во јавност ја објави и целосната одлука со која го потврди притворот за Кочан и бара неговата екстрадиција во земјава.
„Според причините наведени во образложението произлегува дека осомничениот Кочан е во бегство и е недостапен за органите на прогон и се до овој момент на постапката нема никакво сознание каде тој се наоѓа“, пишува во одлуката на судот.
Но, и покрај тоа што во пресудата судот им наложува на надлежните органи да го спроведат во Шутка, од Сеад Кочан ни трага ни глас.
Кочан на 9 март границата ја поминал со возило, а токму тој ден Кривичниот суд му одреди притвор откако ја уважи жалбата на СЈО.
„Лицето Сеад Кочан последен пат во системот за контрола на патници и возила го евидентира на 09.03.2017 година на излез од Република Македонија“, стои во пресудата.
Неговото име меѓутоа не фигурира ниту на објавените потраги за лица на веб страницата на МВР, ниту пак на веб страницата на Интерпол иако по него е распишана меѓународна потерница.
Адвокатот на бизнисменот кој го гони специјалното јавно обвинителство по произнесувањето на Апелација не е достапен за медиумите, иако претходно Никола Додевски тредеше дека неговиот клиент е на службено патување и е слободен граѓанин.
Во предметот „Труст“ осомничени се Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, кои во 2012 година биле сопственици или управителина фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“и со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. На Василие Авировиќ судија на претходна постапка му одреди мерки на безбедност, меѓу кои и забрана за комуницирање со одредени лица.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




