05 Декември, 2025
0.0287

ОРИГАНО БИЗНИС: Профитот осигуран, македонското оригано патува во Америка и ЕУ!

Објавено во: Агробизнис 21 Мај, 2014 08:50

Добивај вести на Viber

Следниот месец почнува бербата на првата берба на македонското оригано. Од земјоделската задругата “Тока” велат дека пласманот и цената се договорени, учекуваат успешна берба и продажба.
Бербата почнува кон крајот на следниот месец. Сеозната 2014/2015 година мислам дека ќе ја завршиме со 300 тона. Откупната цена е едно евро за килограм сува материја. Пласманот е договорен и ќе оди преку задругата “Тока”. Освен за Америка, договорен е и пласман за Европска унија, Холандија,  Швајцарија, а при крај сме и со договорите за пласман за во Англија. Откупеното оригано од кооперантите во нашата сушара ќе се досушува. Сушарата работи со алтернативна енергија односно на сончеви колектори и се конфекционира во согласност со побарувачките на последниот купец во различна амбалажа и грамажа, вели за Фактор Кујтим Хаџи- Хамза, директор на земјоделската задруга “Тока”.
Од друга страна интересот за производство на оригано на македонските ниви постојано расте. Голем број млади земјоделци и  жени земјоделки, веќе станале кооперанти на задругата “Тока”. Дополнително интерес има и од земјоделци од странство, кои веќе стапиле во контакт со задругата и се заинтересирале за производство на оригано. Побарувачката за расад е зголемена за  95%, во Ропотово прилепско се земени под концесија 100 хектари земја за идните коперанти кои сакат да се инволираат во овој бизнис а немаат земја. Зголемен е бројот на кооперанти, а просечната старост е 27 година. Исто така имаме и 6 самостојни жени коопранти што ме радува многу. Се полека се формира една мултинационална кооператива. Има голем интерес за системот, дури не посетија од други земји организирано. На пример од Албанија преку Цепросарт дојдоа преседатели на 28 кооперативи од кои 24 беа жени. Исто така не посетија фирми од Турција, Ггрција, Косово, Холандија. Преговараме со фирми од Романија со кои не поврза македонската амбасада во Романија, објаснува Хаџи- Хамза. Ориганото како профитабилен агробизнис Вкупната инвестиција за еден хектар со оригано, за 80.000 садници  изнесува 2.000 евра. Од нив 1.500 евра се садници, а 500 евра за садење и копање. Парите се враќаат уште првата година, а носи приход од 3.000 евра од хектар. Од втората па до седмата година годишните трошоци се најмногу  500 евра за копање, одржување, па чистата заработка е 2.500 од хектар.Откупната цена е едно евро за еден килограм. Светската побарувачка за оригано е  голема, затоа и има загарантиран пласман за неограничени количини. Ова ароматично растение успева на ниви со послаб квалитет и на секој надморкса височна, доволно е почвата да биде богата со калциум за да се одржува влагата. Тоа што ја прави атрактивна оваа билка, е што не бара заштитини средства и ѓубрива, отпорна е на болести и нема потреба од системи за наводнување. Македонските климатски услови совршно одговараат за производство на ориганото. Првите ниви со оригано во земјава се засеја минатата година, преку задругата “ Тока”. Македонската земјоделска задруга Тока, во Турција, веќе неколку години ја произведуваат оваа билка и успешно го имаат разработено бизнисот со продажба на оргинаното на странски пазари. Во моментов имаат и 2.540 кооперанти. Пред четири години директорот на земјоделската задруга “Тока” Кујтим Хаџи- Хамза,  одлучил да спроведе испитувања за производство на ориганото на македонска почва. Неколкуте истражувања во различни региони и на различни почви се покажале успешни. Тоа било пресудно за да го прошири и во Македонија. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?