05 Декември, 2025
0.0779

ОРИЗОТ НА УДАР НА ГОЛЕМИТЕ ТЕМПЕРАТУРНИ РАЗЛИКИ - климатските промени го расипуваат квалитетот

Објавено во: Економија 31 Август, 2025 13:59

Добивај вести на Viber

Климатските промени годинава ќе го намалат квалитетот и родот на оризот во кочанскиот регион. Тони Максимов координатор за ориз во Националната мрежа на земјоделци, воедно и оризопроизводел вели дека високите дневни температури и ниските вечерни директно влијаат врз кластот и оризовото зрно.

- И ова сега реколта што ја очекуваме ќе биде различна, некаде ќе биде квалитетна во зависност од временските периоди и сеидба. Климатските услови се променети. Вечерите се многу ладни, деновите не се наклонети кон оризот така што ние сега тие сончеви 160 дена што ги очекуваме ќе ги немаме и не можеме да се пофалиме дека ќе имаме добар род - изјави Максимов.

Тој посочи дека токму овие климатски променни ќе го намалат  родот на оризовата арпа за 30 отсто. Освен климатските промени влијае и третирањето со препаратите, со што класовите остануваат мали, не можат да се оплодат и да дадат доволен род.

- Тоа се климатски промени на температурите од високи дневни на ниски вечерни и тогаш самото зрно не може да се оплоди и останува празно. Еден ваков клас треба да има од 150 до 180 зрна, се плашиме дека ќе дојдеме до 100 - изјави Максимов.

Во меѓувреме, оризопроизводителите од кочанско чекат да ги потпишат и договорите за откуп на оризовата арпа за стоковните резерви. Предвидено е да се откупат околу 2.400 тони. Според проценките на оризопроизводителите годинава под ориз се засеани 4.500 хектари. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката