05 Декември, 2025
0.0676

Осигурителниот пазар во Македонија бележи пораст

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2013 10:27

Добивај вести на Viber

Осигурителниот пазар во Македонија во последните години бележи пораст, иако се уште не е доволно развиен. Двоцифрен раст е забележан особено кај животното осигурување. А во делот на неживотното осигурување  автоодговорноста која беше доминатна сега веќе има учество под 50 проценти.  Работат вкупно 15 компании. Тие се добро  капитализирани. Штетите ги сервисираат редовно.

Ова го истакнува претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

- Пазарот на осигурување на Република Македонија е сè уште недоволно развиен, меѓутоа последниве години се забележува постојан тренд на пораст, како во делот на осигурувањето на живот, така и во делот на неживотното осигурување. Во сегментот на осигурување на живот забележуваме висока стапка на двоцифрен пораст во последните години. Прелиминарните податоци за 2012 година покажуваат дека овој тренд е задржан, со остварена стапка на порастот од 20 отсто, истакнува Попоски.

Според него бенефитот за граѓаните од животното осигурување се однесува на тоа што прво го осигуруваат ризикот од смрт, но истовремено обезбедуваат и исплата на акумулираната премија зголемена со загарантирана каматна стапка во случај на доживување на одредена возраст, тоа се ткн. мешовити производи, откако осигуреникот ќе доживее одреден период, а не доживеал смрт се она што го заштедил преку уплата на премија му се враќа и плус одреден принос.

За тоа колку се заштитени средствата на граѓаните вложени во полиси за осигурување истакнува дека друштвата издвојуваат адекватна математичка резерва, односно фонд што ги гарантира исплатите на штети  и може да се каже дека се добро капитализирани.

За неживотното осигурување пак Попоски вели дека минатата година е забележан пораст од 1,65 проценти на остварена бруто полисираната премија во износ од 6,41 милијарди денари. Во структурата на осигурителното портфолио доминантно е осигурувањето од автоодговорност, но важно е, нагласува, дека сега учеството е под 50 проценти. За цената истакнува оти е адекватна и најавува дека се прават подготовки за либерализирање на пазарот во овој дел, што е услов откако Македонија ќе влезе во ЕУ.

Иако е регулирана цената на осигурувањето од автоодговорност и зелениот картон, сепак според директиви на ЕУ, тој смета дека моторното осигурување ние како идна членка ќе треба да го либерализираме, односно друштвата за осигурување треба слободно да ја формираат цената. Ние на некој начин и сега работиме околу подготвителни активности, бидејќи како регулатор треба да бидеме подготвени за да не дојде до некој хаос на пазарот цените да се спуштат на толку ниско ниво за да дојде до нарушување на пазарот на автоодговорност и ликвидносни проблеми  за друштвата, па да дојде и до банкротство, вели Попоски и додава дека тоа е откако ќе влеземе во ЕУ, но оти можеме и претходно да го воведеме.

Посочува дека има добар развој на имотното и каско осигурувањето, а развојот во иднина го гледа во осигурувањето на живот, кај имотното осигурување, како и дополнителното здравствено осигурување.

Очекува влез на нови компании, кои имале интерес, но ги одложиле плановите поради должничката криза.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!