Османи: Кризниот штаб чека повици од луѓето во Израел за евакуација

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024 13:47
По нападот на Иран врз Израел, министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека првата одлука што ја донел денеска е формирање на Кризен штаб, кој ќе служи и за евакуација на граѓаните кои се наоѓаат во Израел.
„Аеродромот во Тел Авив беше отворен утринава, но само за ограничен превоз. Кризниот тим што го формирав утрово сега врши идентификација и прима повици од луѓе. Не можеме да знаеме каде е секој турист во моментот, па затоа ги дадов телефонските броеви за сите оние кои се на Блискиот Исток и сакаат да се вратат дома да се јават во нашите амбасади или во МНР за да можеме да им договориме превоз. “, рече Османи.
Шефот на македонската дипломатија го повика шефот на државата Стево Пендаровски да го повика Советот за безбедност. Според Османи, тие заедно со раководствата на политичките партии треба да комуницираат за последиците од војните кои ќе создадат бегалски бран кој може да ја дестабилизира државата.
„Ги повикувам и претседателот на државата да го повика Советот за безбедност, вклучително и лидерите на опозицијата и сите партии, бидејќи помасовна ескалација на Блискиот Исток може да предизвика бран бегалци кои секако ќе го искористат Балканот. значи и Република Северна Македонија со сите можни последици и оттука мора да го зголемиме отпорот на државата кон ваквите предизвици“, рече Османи.
Можеби ќе ве интересира
ГИ ЗАКЛУЧИЛЕ, ИМ ДАВАЛЕ ПО МАЛКУ ХРАНА И ВОДА: Шест млади мигранти се спасени од заложништво во Студеничани

СЕ ЛЕКУВА ВО ИЗРАЕЛ: Македонски државјанин e повреден при напад во Газа

ПУКАЛ СО „БЕРЕТА“ ВО СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК – КУРШУМИ ВО АРКАДАТА И СЛАБИНАТА: Истрага за обид за убиство против прилепчанец

Приведен Ејуп Рустеми, екс директорот на „Државни патишта“, за управителот на „2СС“ се бара притвор

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО АПЕЛ ДО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Да се третираат само во здравствени установи и специјализиран кадар, несоодветна терапија носи ризик од последици

ЌЕ ВРАЌАМЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА КОИ СМЕ ГИ ИМАЛЕ ДО 2008 ГОДИНА: за поголема безбедност во угостителските објекти

УПОЗ бара обезбедување за јавната администрација, по нападот на службеничка во Прилеп

НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ СИЛНО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Се крева алармот, колку се безбедни клубовите во Грција?

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува
