„ОСМАНИ МОРА ДА ОДГОВАРА ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО ИЛИ ВО НАЈМАЛА РАКА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОЛЖНОСТ“: професорката Најчевска со конкретни барања
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2025 10:04
Професорката и општествен критичар, Мирјана Најчевска, денеска со остра критика кон поранешниот министер за надворешни работи.
Таа бара одговорност од Османи, за неговите постапки како министер за надворешни работи.
- Мислам дека е време да се залечат раните кои ни ги нанесе Бујар Османи.
Прво, мора да биде ставен на расправа во Собрание вториот протокол со Бугарија и да се побараат промени.
Второ, Бујар Османи мора да одговара за велепредавство или во најмала мерка за злоупотреба на службена должност со која нанел трајни и многу тешки штетни последици за државата.
Трето, Македонија треба да почне да поставува барања и услови во насока на доказ за добрите намери на Бугарија и нејзината посветеност на добрососедските односи со Македонија - нагласува Најчевска.
Професорката исто така посочува дека „треба да се побара извинување од Бугарија за злосторствата направени во текот на окупацијата од страна на фашистичката власт во Бугарија во Втората светска војна“.
- Второ, треба да побара репарација на штетите кои биле нанесени на Македонија во тој период.
Трето, да се препознаат и заштитат правата на Македонците во Бугарија и да им бидат надоместени сите штети нанесени со непочитување на меѓународните договори ратификувани од страна на Бугарија и посебно спротивни на вредностите на ЕУ - укажува Најчевска.
Професорката потоа потсети и на периодот кога нејзиниот сопруг беше амбасадор но се повлече од позицијата, а со остара критика се осврна и кон новинарите.
- Одново и одново ме воодушевува бројот на златни рипки со меморија од 30 секунди меѓу граѓаните и посебно меѓу новинарите.
Па добро бре, тоа што вие се криевте како глувци во сите дупки кои ќе ги најдевте и се плашевте да зуцнете против Бујар Османи кога беше на власт, не значи дека јас сум молчела.
Навистина заборавивте дека Бујар Османи го викаше на консултации мојот сопруг амбасадор затоа што јас се спротиставував на сите акти на негова злоупотреба на службената должност.
И на крај мојот сопруг си побара враќање и пензија затоа што не се согласуваше со баљезгариите на Бујар Османи.
А вие молчевте - напиша Најчевска.
Потоа дополни дека „не знам колку анализи имам направено на протоколите со Бугарија и на францускиот предлог со кои вадам десетици аргументи дека не треба да бидат прифатени и дека треба да се спротиставиме“.
- И ќе се најде некое кретенче помочано и ќе ми јаде гурабии за моите ставови.
Јас не ги менувам ставовите со промена на власта затоа што тие се базираат на принципи и јасен вредносен ситем, за разлика од вас новинарчињата партиски гласноговорници кои се упикувате во шупакот на секој кој е на власт - напомена Најчевска.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




