ОСМАНИ НИ ПОЈАСНИ ИЛИ НЕ ЗБУНИ - не го отфрливме целиот француски предлог, туку само спорниот дел
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 07:10
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на гостувањето во „10 минути“ на „ТВ21“ кажа дека не бил одбиен „францускиот предлог“, туку спорниот дел.
Османи кажа дека од македонска страна бил одбиен само спорниот дел.
„Францускиот предлог, спорниот дел го стави во заграда. Тоа значи дека не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека документот не го прифативме. Туку не го прифативме само спорниот дел за нас“, кажа Османи.
Во истата емисија тој изјави дека нашите власти се во постојана комуникација со Франција и со Бугарија со цел да се дојде до еден предлог кој може да ги има предвид сензитивностите.– Ако не се усогласиме, односно ако една од страните не прифаќа, тогаш може да се случи и воопшто да не добиеме нов предлог до крајот на јуни годинава. Ако ние се закотвиме на нашите позиции и кажеме дека не прифаќаме вакво решение, а во исто време истото го сторат и Бугарите, тогаш едноставно се знае како ќе течат работите понатаму. Ние сме во постојана комуникација со Франција и со Бугарија со цел да видиме како евентуално да се дојде до еден предлог којшто ќе ги има предвид сензитивностите. Не може да имаме предлог којшто ќе ги има предвид само бугарските барања – рече Османи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




