30 Септември, 2024
0.2323

ОСМАНИ ПО ПРЕСОТ НА ДИМИТРОВ: Сите колеги да покажеме доблест и фер однос едни кон други

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, министерот за надворешни работи реагираше попладнево на прес конференцијата на Никола Димитров, актуелниот вицепремиер вооставка кој рече дека не му верува на министерот вооднос на преговорите со Бугарија. Османи елаборира за тоакако се водат преговорите. 

„Преговорите на техничко ниво ги водат работни групи во кои членуваат искусни дипломати од Министерството за надворешни работи. Тие реферираат пред Министерот за надворешни работи, но воедно тие настапуваат согласно стекнатите знаења и искуство во нивната децениска работа во куќата, секако застапувајќи ги државните стратешки интереси утврдени од страна на Владата и целиот државен врв.

Во истата насока, за важните стратешки прашања во Владата секогаш се формира Работна група - највисоко политичко тело кое по правило го предводи Премиерот, и на кое постојано се повторуваат и прецизираат државните интереси на земјава, кои Владата и Министерството за надворешни работи ги застапува при разговорите со своите колеги.

Ова не се однесува само на сегашните разговори за надминување на отворените прашања со Република Бугарија, туку за етаблирана пракса која беше применета и при создавањето на Договорот од Преспа – чии успех има колективна заслуга: од дипломатите во Министерството за надворешни работи, преку работната група во Владата, па сѐ до сѐ уште актуелниот Премиер, што е повеќе пати потврдено практично од сите меѓународни пријатели на земјата.

На крајот, и моите лични позиции, како Министер за надворешни работи и како човек апсолутно соодветствуваат со државните позиции кои како Влада активно ги застапуваме, и тоа: и кога заеднички ги градевме државните интереси при создавањето на Договорот од Преспа; и кога заеднички го создававме Договорот за пријателство со Бугарија; а и сега, кога повторно разговараме за надминување на разликите со нашите соседи, вели Османи.

Додава дека следува формирање е еден нов политички моментум создаден преку новите мандати на Владите во двете земји. Граѓаните очекуваат од нас да ја искористиме оваа нова политичка иницијатива за да ја зајакнеме довербата меѓу двете Влади и меѓу двете држави. 
„За оваа и јас лично, но и Министерството за надворешни работи, е во постојана комуникација и со Работната група во Владата, и со актуелниот Премиер, а консултациите правиме и со новиот Мандатар кој очекуваме наскоро да ја преземе функцијата. Резултат на оваа активност е веќе договорената посета на високата владина делегација предводена од Премиерот Петков на Скопје на 18 јануари, а во постојана комуникација со нашите колеги од Бугарија, веќе работиме да постигнеме согласност за одржување и на заедничка седница на двете Влади само една недела подоцна, или на 25 јануари, вели Османи.

Смета дека од успехот на овие посети ќе зависи и насоката и силината на новиот моментум во односите меѓу двете земји.

„Оттука сите активности кои го загрозуваат овој успех ги сметам за непродуктивни и нефер. Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и поранешни, да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години и меѓусебно ги градевме, и да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме.


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО