Осмо издание на Баскерфест, 30 концерти и многу акробации
Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2013 19:32
Со возбудлив настап на Трупата „II Posto” од Италија, во петок во 19 часот пред Веро центарот ќе биде отворено годинешното осмо издание на Баскерфест. Како покровител на уличниот фестивал е Град Скопје, од чија каса ќе се потрошат 900.000 денари.
Баскерфест и годинава ќе трае 10 дена, а посетителите ќе уживаат во спектакуларните акробации на артистите од цел свет. Настапот на италијанската трупа е комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија индивидуално креирана за секој настап. По свеченото отворање, пред Веро центарот ќе се претстават и преостанатите настапувачи со кратка изведба на своите точки.
За време на фестивалот ќе бидат одржани околу 30 концерти, а годинава Баскерфест ќе се прошири и низ цела Македонија.
„Почнуваме утре на 12-ти со настапи во Гевгелија, на 14-ти во петок се селиме во Скопје, каде што остануваме до 23-ти, а на 3 јули ќе завршиме во Дојран. На 8. Баскерфест ќе настапат околу 100 артисти од дваесеттина земји. Еден од поспектакуларните настапи покрај настапот на италијанската трупа „II Posto ”, ќе биде и настапот на рок групата „Стар бој“ од Нов Зеланд, група составена од 9 членови која во своите настапи комбинира акробатска кореографија и употреба на пиротехнички елементи“, изјави Пане Темов од Здружението на граѓани „One way“ кои се организатори на фестивалот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





