06 Декември, 2025
0.4220

ОСНОВАЧОТ НА „НАЈК“ ОТКРИВА ТАЈНА: Основав компанија а ништо не знаев за бизнисот!

Објавено во: Финансии 24 Август, 2017 12:11

Добивај вести на Viber

Немал знаење на дизајнер, ниту имал пари, а вештините на управување и менаџмент му биле прилично ограничени. Сепак, основачот на „Најк“ (Nike) Фил Најт станал повеќе од успешен. Сега е милионер и претприемач за пример.

Компанијата „Најк“ лежи на богатство од околу 100 милијарди долари, а годишно донесува околу 34 милијарди долари и има 74 000 вработени.

Во интервју пред промоцијата на неговата книга „Shoe Dog: A Memoir by the Creator of Nike“, Најт седел со Дејвид Рубинштајн, кој објаснил колку искуство имал Најт кога ја започнал компанијата во 1962 година.

„Ништо не знаеше за дизајн на чевли, ниту многу знаеше за менаџментот и немаше пари“.

И покрај недостатокот на знаење и искуство, Најт открил неколку клучни детали за почетоците на компанијата „Најк“ и како подоцна се вивнала во недостижни височини.

„Ги искористивме сите предности на „бумот“ околу трчањето, подоцна џогингот, што на крајот се претвори во фитнес „бум“... и имавме корист од сето тоа.“

Способноста на Најт и неговиот тим да проценат, и да одговорат на барањата на пазарот им помогнале да ги покријат сите недостатоци и нестручност.

„Ако треба да издвојам една работа тоа би била мојата способност да ги проценам луѓето“.

Очигледно дека оваа, но и другите вештини му помогнале не само да успее со раните партнери на компанијата „Најк“; вработените, туку и подобро да ги разбере клиентите и купувачите, кои со време почнале да купуваат „бренд“-начин на живот и углед, а не само патики.

Најт секогаш поседувал неверојатна страст кон брендот. И самото објаснување на името на книгата ќе ви каже се „“Shoe dog“  (од името на книгата) е некој кој навистина сака патики, а тоа бев јас. Бев атлетичар...тоа ми стана важно и отсекогаш лежеше во мене.

Тоа што не знаете баш се не мора да ви биде препрека да почнете нешто свое. Сепак, би требало да имете и некои други вештини кои можат да ги покријат недостатоците. Ако сте стравствени околу тоа што го работите и сте добри во тоа, на крај се ќе дојде на свое место.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави