Основното јавно обвинителство ќе ги разгледува неправилностите во работењето на МОН
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Извештајот на државната ревизија каде се регистрирани недостатоци во работата на Министерството за образование и наука, стигна во Основното јавно обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Извештајот е кај јавен обвинител и сега е предмет на анализа. Ако се утврдат елементи на сторено кривично дело ОЈО ќе започне постапка согласно законските надлежности.
Министерот за образование, Пиштар Љутфиу вели дека парите не се потрошени без покритие. Според него, ниеден денар од министерството не е потрошен за злоупотреба, туку со причина.
„За секој цент си има фискална сметка, има сметкопотврда што веќе се во ревизијата. Понатаму сигорно ќе бидеме по внимателни, како што знаете сега се и избори и не смееме да даваме многу изјави“- изјави Љутфиу.
Според ревизорскиот извештај од ресорното министерство биле потрошени 203 000 евра на хотели, ресторани, превоз, како и на плати за вработени, за кои немало соодветна документација.
Пропустите се случувале за време на мандатот на поранешниот министер, Абдилаќим Адеми и актуелниот, Пиштар Љутфиу.