07 Октомври, 2024
0.0265

Домашни фирми осомничени за вплетканост во криминална мрежа: МВР со пријави

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

СВР Куманово поднесе кривична пријава против десет правни и физички лица за „злосторничко здружување“.Кривичната е поднесена против Е.И.(67) од село Слупчане, општина Липково, поради злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување и употреба на исправа со невистинита содржина. Понатаму, против ДПТУ „Хени компани“ ДООЕЛ – село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, перење пари и употреба на исправа со невистинита содржина. Кривична е поднесена и против В.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Ш.И.(31) од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, и против А.К. од Израел, АД „Алов Гевгелија“, М.С.(57) од Скопје, ДТННД „Твинс Петролеум“ село Негорци, гевгелиско, С.И.(28) од село Слупчане и ДТННДТУ „Пеак оил 2017“ – село Негорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Од МВР велат дека во текот на 2016, првопријавениот, како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, заедно со трето, четврто, петто, шесто, седмо, осмо, деветто и десетопријавениот формирале група и спротивно на Законот за извршување, овозможиле земјиште изнајмено на 4 септември 2014 од второпријавеното правно лице за период од шест години, да премине во сопственост на осмо, односно десетопријавеното правно лице. Притоа, на 7 септември 2016, третопријавената, како извршител, за наведениот имот спровела постапка за извршување од доверителот Ж.Д. од Куманово во вредност од 2.456.000 денари, при што со незаконско спроведување на извршувањето овозможила наведениот имот да биде продаден на второпријавеното правно лице за 6.525.533 денари, кој е значително помал од реалната вредност на имотот. По ова, третопријавената, на второпријавеното правно лице му повратила 3.767.525 денари, додека останатиот износ од 2.237.475 денари го задржала за себе.

По поднесување на жалба за ваквото извршување, второпријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со осмопријавеното правно лице, како купувач, за 34.867.244 денари. Потоа, на 01.09.2017 осмопријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со десетопријавеното правно лице, како купувач, за 34.890.240 денари. На овој начин сопственикот го изгубил наведениот имот, а притоа бил оштетен и за неисплатената закупнина, со што му била нанесена штета од 37.166.171 денари, додека на доверителот Ж.Д. му била нанесена штета од 2.456.000 денари.

Една од компаниите е АД „Алов Гевгелија“ која пак на јавноста и е позната како компанија која се поврзуваше со офшор компанијата Балкан Петролеум холдинг лимитед преку – компанија која неславно заврши во сомнителниот обид за преземање на најголемата компанија за трговија со нафта и нафтени деривати во државата, Макпетрол АД.

Тогаш, а и денес, ако се истражат имињата на бизнисмените вклучени во обидот за влез во Макпетрол АД, се открива замрсена мрежа на офшор шеми и историја на матни зделки и пропаднати компании. Ури Бидер, бизнисмен што се поврзуваа со Балкан Петролеум има добро документирано присуство во сивата зона на европскиот бизнис. 

Еден од нивните највпечатливи и најголеми скандали е преземањето на романската рафинерија Рафо, чија историја претставува своевиден водич низ дубиозните источноевропски транзициски бизнис-текови.

Во 2001 година, рафинеријата била приватизирана – ја презеле неколку португалски фирми зад кои стоел еден ист човек, кој веднаш ја препродал на друг. И двајцата бизнисмени денес се во затвор за учеството во оваа зделка. По ова, во 2003 година, компанијата ја презема Ури Бидер, со нова шема на фирми зад кои стојат контроверзни бизнисмени. Веднаш по преземањето, фирмите на Бидер го прекинале производството, ја поделиле компанијата и отпуштиле стотици вработени. Многу интересно е името на компанијата со која Бидер ја презел рафинеријата Рафо пред 13 години - Балкан Петролеум, речиси идентично на Балкан Петролеум холдинг лимитед,  фирма од Лондон, со која Бидер се обидувашe да влезе во Макпетрол АД.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил