Oстанува на сила времената мерка за условен увоз на пченица и брашно во земјата
Објавено во: Агробизнис 21 Јули, 2013 19:37
Министерот за земјоделство на Македонија денеска соопшти дека останува на сила времената мерка за условен увоз на пченица и брашно во земјата. Љупчо Димовски тврди дека Србија, која реагираше на оваа одлука, покажала разбирање, иако претходно се закани дека ќе воведе реципрочни мерки за увозот на македонското вино и домати во нивната земја.
Мерката за условен увоз за пченица и брашно останува на сила до предвидениот рок до 31 декември годинава, односно се‘ до стабилизирање на пазарот и редовниот откуп на македонска пченица и нема да претрпи никакви измени, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Министерот изрази уверување дека Србија, и покрај одредени најави, нема да воведе реципрочни мерки за македонското вино и домати, благодарение на правовремената реакција од македонска страна и цврстите аргументи за воведувањето на мерата за ограничен увоз.
„Мерката не се однесува посебно за некоја држава, туку важи за сите земји. Изминатиот период имавме разговори со Србија, која се јави како најзасегната страна. Искажавме аргументи со конкретни податоци и причини за воведување и тие се прифатени во целост. Взаемен е заклучокот дека до стабилизирање на пазарните услови и редовниот откуп на пченицата од годинешната реколта мора да се дојде за што е потребно да се применува мерката“, рече на денешната прес-конференција Димовски.
Според министерот, пазарот во Македонија е либерален, но државата е обрзана во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој да го заштити домашното производство.
Заедничкиот комитет на ЦЕФТА на утрешното заседание во Белград би требало да упати официјално барање до Македонија за укинување на мерките за ограничување на увозот на пченица и брашно од Србија, изјави државниот секретар од Министерството за земјоделство Данило Голубовиќ, објавува Тањуг. Српската и македонската срана веќе постигнаа договор за делот на уредбата кој се однесува на тоа - ограночувањето на увозот на пченицата да се укине до 15 август, а на брашно до 1 септември, но сакаме тоа и официјално да го верифицираме за да нема недоразбирања, прецизираше Голубовиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





