05 Декември, 2025
0.0367

Останува одлуката за условен увоз на пченица, ќе се интензивира домашниот откуп

Објавено во: Агробизнис 19 Август, 2013 20:41

Добивај вести на Viber

Нема најава за повлекување на одлуката за условен увоз на пченица од македонска страна. Србија пак сеуште калкулира, но стои заканата дека ќе го отеже увозот на македонски производи на нејзина териоторија. Од македонското министерство пак упатија апел за интензивирање на откупот на пченицата од сите инволвирани во процесот. Ова велат надлежните, е многу важно во овој момент зашто значи заштита на интересите на индивидуалните земјоделски производители и на домашните компании од мелничко-пекарскиот сектор, како и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно. Оттаму информираат дека досега се откупени 120.000 тони односно 82% од планираните количини, а ве меѓувреме заедно со Државниот инспекторат за земјоделство се следат состојбите, условите и начинот на откупот. „Во насока на објективно информирање на македонската јавност, а во контекст на информациите кои изминативе денови се пласираат од одредени медиуми, во врска со состојбите поврзани со откупот на домашната пченица од овогодишната реколта, информираме дека како надлежна институција будно ги следиме активностите поврзани со откупот и ги спроведуваме сите активности поврзани со процесот на забрзување на динамиката на откуп“, соопштуваат од Министерството. Мерката со која македонската влада го ограничи увозот на брашно од пченица и Србија стапи во сила на 1 Јули. По состанокот со министерот за трговија, Расим Љајиќ на 10 јули, се покрена иницијатива за укинување на мерката. Со условениот увоз се предвидува дека на секој еден килограм на увезена, македонски увозниците се должни да купат три килограми домашна пченица. Во меѓувреме Србија се закани дека ќе го ограничи увозот на македонски производи, пред се на виното и доматите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?