09 Декември, 2024
0.0288

ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ БЛАГОСЛОВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Арсовска го повика премиерот да го исполни ветувањето и да си даде оставка

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

“Господинот Заев веќе ја најави својата оставка, истиот момент кога јас ќе победам и ќе бидам новиот градоначалник на Скопје. Тоа го мислеше како закана, но за Македонија тоа ќе биде благослов. Господине Заев, ве предизвикуваме: Вашата оставка нека биде првото ветување што сте го дале, а сте го исполниле. Затоа, драги мои скопјани, драги мои сограѓани да му помогнеме да си замине. Да ја започнеме промената во Скопје”, изјави Арсовска во своето вчерашно обраќање пред скопјани уште еднаш го повика премиерот Заев да се држи до зборот и да си поднесе оставка, откако таа во недела ќе победи на локалните избори и ќе стане новиот градоначалник на Скопје. 

Таа порача дека сега е време за промени кои ќе донесат поубави денови за Скопје и скопјани. 

“Последните денови од оваа кампања покажаа појасно од кога било досега дека на Скопје му требаат промени, дека и на Македонија и требаат промени. Последните неколку дена од оваа кампања го открија вистинскиот лик на владејачката партија, ликот на премиерот и ликот на градоначалникот во заминување. Сè што слушнавме од нив беа лаги, лажни вести и навреди. Никој веќе не ви верува, вашата црна кампања за жал нема да ве спаси. Граѓаните сакаат лидери кои стојат на својот збор. Сега е вашето време да се извините - не мене, затоа што мене многу неправда ми нанесовте. Време е да се извините на граѓаните кои секојдневно ги лажете. Време е да се извините што не исполнивте 95 отсто од вашите ветувања, господине Шилегов - за запоставување на Скопје, за нерешавање на сообраќајниот хаос, за уништување на нашето зеленило и за несправување со загадувањето на нашата животна средина, им порача Арсовска. 

“Не смееме и не можеме да дозволиме политичарите кои се власт да се грижат единствено за себе и за својата моќ. Кои забораваат на сите ветувања кои ги дале уште следниот момент откако ги дале овие ветувања. Бевме свесни на една гарнитура која излажа за се што вети. Имаме решенија и план за модерно и европско Скопје. Мојот план за Скопје, мојата визија ги претставив со амбициозни, но возможни, реални проекти. Повеќето од нив може да се спроведат веќе во првите две години од мојот мандат. Многу од нив уште во првите 82 дена. Време е да им покажеме на сите дека е возможно во 82 дена да се исчистат сите диви депонии во градот Скопје, да се отвори едношалтерскиот систем за јавни услуги достапен за сите граѓани 24 часа секој ден во неделата. Ќе ставиме крај на дивеењето и урбаниот хаос. Ќе го спроведуваме законот, ќе го развиеме модерно Скопје, со урбанистичко планирање заедно со локални и меѓународни експерти за да го подготвиме за иднината, со строга заштита на зелените зони и 5 нови мега паркови во споменатите делови на нашето убаво Скопје”, истакна Арсовска. 

Во своето обраќање пред скопјани Арсовска се осврна и на потребата од дигитализација на градот, притоа посветувајќи се и на правилно менаџирање и мотивација на администрацијата која ќе стане транспарентна и ефикасна и во служба на граѓаните. 

“Толку сме навикнати да трчаме од шалтер до шалтер, да чекаме редици со часови и на крајот да не го добиваме ни тоа што ни е потребно кога станува збор за јавната администрација, толку сме навикнати на корупција што веќе го прифаќаме ваквиот начин на функционирање како нормален, а не треба да е така. Сите знаеме дека тоа е погрешно раководење кое не смее да се дозволи. Но, може да биде и ќе биде поинаку. Преку дигитализација и новиот едношалтерски систем, сите граѓани ќе уживаат во брзи, транспарентни и одговорни јавни услуги. Транспарентна и ефикасна администрација во служба на граѓаните - и политика на нулта толеранција за корупција и непотизам”, дополни Арсовска. 

Таа додаде дека токму ова се столбовите на модерно и европско Скопје и токму граѓаните, скопјани се тие кои ќе им одговорат на црната кампања која ја води владејачката партија, со тоа што во недела на 31 октомври ќе одберат да гласаат за модерно Скопје.

“За секој чесен граѓанин на Скопје и на Македонија е срам да биде сведок на вашата црна кампања. Ова зборува и сведочи до каде сте се способни да одите, само да си ги задржете власта и парите. Но, граѓаните ќе ви го дадат вашиот одговор на гласачките ливчиња в недела, кога ќе гласаат да дојде едно модерно европско Скопје, ќе гласаат за долго посакуваната промена, за нов стил на менаџирање, каде во фокусот се решенијата, а не политичките пресметки. Скопје, драги наши скопјани, ќе биде почетокот на промените во цела Македонија, заклучи Арсовска.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство