Осуда за тепањето на новинарите од „За заедничка Македонија“ - Напаѓачите да одговараат
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 21:05
Иницијативата За заедничка Македонија го осуди тепањето на новинарската екипа на веб порталот А1 он и побара воздржаност.
„Го осудуваме инцидентот за кој јавуваат дел од медиумите. Апелираме на избегнување и воздржување од провокации од секоја страна и од секој поединец. Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат сторителите со цел да се откријат вистинските мотиви и позадината на истиот. Ние сме тука за Македонија, за Заедничка Македонија, и од тоа нема да отстапиме“, се наведува во објавата на иницијативата.
Двајца медиумски работници на порталот А1.он, снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски се брутално нападнати од петмина учесници на вечерашниот протест пред Собранието. Според очевидец на настанот, учесници на протестот ја нападнале екипата на А1.он пред Триумфалната капија, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди, а интервенираше и екипа на брза помош.
„Со тупаници по глава и по телото вечерва беа нападнати снимателот и новинар на А1он од демонстрантите пред Собранието на Република Македонија. И двајцата со возило на брза помош беа пренесени во ургентен центар. Дел од демонстрантите ја искршија и камерата на А1он по што избегаа од местото. Граѓанската иницијатива ‘За заедничка Македонија’ која е организатор на протестот очигледно не успеа да ги заштити медиумските работници, А1он ќе поднесе пријава против организаторот и ќе бара надомест на штета за дивјачкото и примитивно однесување“, објави во својата реакција порталот А1 он.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




